16.07.2023

Во големото финале, Чешка беше подобра од нашиот младински национален тим, (85:72)

ЕП – „ПОД 20“-MAЖИ - ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2023: Македонија оди со сребрен медал во елитната дивизија

Финалето на ЕП од Дивизијата „Б“ во Скопје беше реприза на првиот натпревар, премиерниот на собирот во нашиот главен град. Се сретнаа двете репрезентации со најдобар ефект во друштво на оние 20... 

Македонија и Чешка се бореа за златниот медал, и по голема борба, до последен атом на енергијата, на истекот на 40.минути, мораше да има само еден победник.  За жал тоа беше чешката младинска селекција

МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА  72:85

Поведоа со двоцифрени (14:4) Чесите по пет минути од финалето. По тајм-аутот на селекторото Никола василев, се вративме „нзазад во мечот“ со серија од седум последувателни поени (11:14).

Воспоставивме контрола во играта, имавме и (16:18) по тројката на Стојаноски, за таа прва четвртина од послсендито меч на пшрвенството заврши со водство на Чешка (20:16).

Вториот период го отворивме со тројката на Симиќ (19:20). Но не успевавме да го направике тој чекор кој ќе ни донесе водство. Чесите беа постојано чекор пред нас во тој дел од играта.

Во 15.минута поведоа со (28:21)...

Добро браневме, што беше и напито заштитен знак на овој шампионат. Но во дуелите со физички посилниот противник, имавме проблеми со реализацијата на нападите. „Закочивме“ на пет постигнати поени во осум одиграни минути. Чешка се одвои на највисоки (33:21).

Сепак, петте поени по ред на нашите момци (положување на Хот, и тројка на Шошкиќ, ја сведоа негативата на многу пониска (26:33) на влезот на последната минута од првото полувреме.

На 3:50 минути до крајот на третата четвртина, Македонија дојде на „еден посед“ негатива, (45:46), а веќе во наредниот напад, по тројката на Петков, нашата младинска селекција премина во водство (48:46).

Последната четвртина, онаа која го дава победникот, двата финалисти ја дочекаа со ист број на поени, по 52!

По трите поени на Хуштак, а потоа и на Кхел, во 35. минута, Чешка одново се одвои, сега на непријатни, (67:59). Сосема доволно за селекторот Василев да побара минута одмор, како понатаму во оние 5:15 минути.

Но кај нашите момчиња не постои знак – предавање...

За кратко време стигнавме до -5, (67:72), за играње останаа 3:11 минути. Но кога требаше противникот беше точен во обидите за три поени. Погодија и четвртти пат од зад линијата 6.75 метри во четвртата четвртина, за поголеми (75:67).  

Тука заврши приказната наречена финале, Чешка беше и по втор пат подобра од нас на шампионатот кој го завршуваме на подиумот, со сребрените медали на градите, и што е исто така важно, заверен билет за Дивизијата „А“.

На последниот натпревар на турнирот, пред добро исполнетото гледалиште во СЦ „Борис Трајковски“ (повеќе од 2.500 гледачи), нов блесок на Теодор Симиќ, заокружен со 23.поени, седум скока, четири асистенции, испратен со 14 поени од Марин Петков, 17 скока и четири поени на Амар Хот, девет поени на Шошкиќ...

Но честитките одат до сите во „црвено-жолта“ комбинација кои беа дел до оваа убава, успешна  сторија за нашата младинска репрезентативна кошарка.

РЕЗУЛТАТИ

ФИНАЛЕ

МАКЕДОНИЈА – Чешка   72:85

ЗА ТРЕТО МЕСТО

 Украина – Шведска        83:61

ЗА ПЕТТО МЕСТО

Холандија – Португалија           77:66

ЗА СЕДМО МЕСТО

Велика Британија – Швајцарија         74:82