07.07.2023

Македонија загуби од Чешка со (75:80) на стартот на еврошампионатот во нашиот главен град, за кошаркари „Пос 20“ години

ЕП – „ПОД 20“-МАЖИ - ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2023: Младинците стартуваа со пораз

Младинската машка репрезентација која почнувајќи од денес па се до крајот на идната седмица ќе ги брани националните бои на Европското Првенство за кошаркари до 20 години, дивизија Б, во Скопје го започна настапот на континенталниот собир од втор ранг, со пораз.

Во рамки на групната фаза од разигрувањето, избраниците на Никола Василев имаа резултатско водство против денешниот противник Чешка, но кон крајот на натпреварот тоа беше анулирано и претворено во водство од пет поени за пораз на црвено-жолтите од 75-80 односно 24-16. 15-20, 22-22 и 14-22 по делници.

Неколку минути игра и аклиматизирање им беше потребно на кошаркарите од таборот на Чешка за конечно да го најдат пат до кошот на нашата страна. Нашата самодоверба продолжи да расте со двоцифрената предност која ја реализира Резарт Мемед од зад линијата за три поени (14-2). Во вториот период следеше промена на играта на двете страни, па така, со продолжување на реализаторска серија почната кон крајот на првиот период од 0-12 нашиот вечерашен противник успеа да ја намали предноста на само два поени (24-10, 24-22).

На полувремето се замина со предност од три поени за нашиот состав (39-36).

По 22 минути игра поминати на паркетот, селекцијата на Чешка успеа да изедначи. Радоста не им траеше долго бидејќи со реализација на капитенот Андреј Митревски и стабилната игра на Теодор Симиќ во рекетот направивме нова серија од седум поени (46-39). Разликата успеавме да ја одржуваме. Амар Хот од зад линијата за казнени поени ја реализира двоцифрената предност (61-51). Последните 150 секунди од третиот период, и исто толку од почетокот на вториот период минавме без реализирани поени. Петар Бошалески со реализиран шут за три поени ја прекина штамата по што следеше нова криза во нашиот состав. Чесите успеаја повторно да ја анулираат предноста и овојпат да ја свртат во нивна корист. Минималната предност која ја реализираа во последните седум минути ја зачуваа до крај до конечни 75-80.

СТАТИСТИКА - МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА

Следен натпревар на распоредот е закажан за утре, 8. јули со почеток во 18:30 во СРЦ Кале против соодветната селекција на Словачка.