08.07.2023

Нашиот национален тим „Под 20“ имаше доминација во текот на натпреварот, и се награди со победа (81:64)

ЕП – „ПОД 20“-MAЖИ - ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2023: Победничка песна во „Кале“, младинците подобри од Словачка

Брзо заборавија нашите млади кошаркари на поразот од Чешка во премиерниот настап на првенството во Скопје.

СЛОВАЧКА – МАКЕДОНИЈА      64:81

Уште во почетните минути, избраниците на селекторот Никола Василев потврдија дека се подготвени да дојдат до успех во мечот против соседите на Чешка, селекцијата на Словачка.

Отворивме со (13:4), потоа имавме и (14:9), па (18:13), за првата четвртина да ја решиме во своја корист, со сосема солидни (20:!3).

Со серијата (6-0), односно двете тројки на Резарт Мемед, нашата селекција стигна до двојно поголема предност (26:13).

Разлика која се покажа скоро како „стандардна“ во вториот период од играта. На минута пред истекот на првото полувреме, имавме идентично водство, гледано според „вишокот“, на поени, секако, (40:27).

А Теодор Симиќ беше централната фигура во нашиот напаѓачки сегмент. До истекот на првиот дел, нашиот највисок кошаркар комплетиршае 14.поени и 6. скока

Доволно да имаме убаво водство (41:29) на истекто на 20.минути во кои имавме седум скока повеќе во однос на противникот (29. Спрема 22), само три загубени топки, макар што се машевме со реализацијата од дистанца (40/5% во обидите за два и за три поени).

Во ист стил, ефикасно, продолживме...

По нецели три минути игра во третата четвртина, Македонија водеше со (50:33). А до крајот на тој дел од играта, имавме и плус 20 (66:46).

Недостижно за младите словачки кошаркари, и доволно за наша прва победа на шампионатот чии домаќини сме.

Симиќ го заврши натпреварот со 16.поени, осум скока и три асистенции, Шошкиќ реализираше десет, но многу поважно е тоа што скоро сите играчи кои добија минутажа (11 од 12) успеаја да запишат реализации.

Следуваат два дена одмор за нашите младинци. Наредниот натпревар е на 12. јули (вторник), кога во исто време 18.30 часот, на истото место, во СРЦ „Кале“ ќе ги одмериме силите со селекцијата на Бугарија.