15.07.2023

Вечерва (18.30 часот), во СЦ „Борис Трајковски“, играме против Украина за финале и за место во А-дивизијата

ЕП – „ПОД 20“-MAЖИ - ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2023: Украина стои пред Македонија во битката за медал и билет за елитното друштво

Македонската репрезентација го доби противникот во полуфиналето од Европското првенство Б-дивизија кое.

За место во мечот за титулата, но и за пласман во елитната конкуренција во оваа категорија, Македонија вечерва (18.30 часот), во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се бори со Украина која во последниот четвртфинален натпревар беше убедливо подобра од Холандија (67:49).

Пред вечерашното полуфинале, јасно е дека нашиот стручен штба предводен од селекотор Никола Василев ќе треба да обрне особено внимание на играчот со бројот „6“ во противничката екипа, односно на Олександр Кобзистји кој постигна 24 поени и 8 скока.

Ако се земат в предвид оние статистички параметри во претходно одиграните пет натпревари, впечаток е дека станува збор за доста изедначени селекции.

И двете имаат ефект од четири победи и еден пораз...

Украинците имаат нешто подобра реализација во шутото од поле (56.2% спрема 52%) и од линијата за слободни фрлања (68.7% спрема 66.1%, додека ние сме подобри реализатори во обидите вредни три поени (29% во однос на 27.5%).

Имаме поголем број на скокови во однос на вечерашниот противник, односо 31 офанзиви (потивникот (29), а ист кога станува збор за офанзивните (двете селекции имаат по 15).

Подобро поентираме од Украинците од т.н. „втора шанса“, а нашата клупа во просек постигнува повеќе поени во однос на украинската (26 спрема 22.6).   

Украина подобро ги реализира „контранападите“ преку кои дава по 13.4 поени (ние 10.6), а дава и повеќе поени во рекетот (38.8 спроти 37.6).

Во групата фаза дадовме 316 поени, примивме 264 (просек од 63.2 дадени, и 52.8 примени поени), Украина имаше 334 реализирани поени (66.8 по меч), а 257 примени (51.4 по натпревар)

Дадовме 66, а примивме само 49 во четвртфиналето против Велика Британија, Украина пак постигна еден поен повеќе во четвртфиналата битка со Холандија (победа од 67:49), што е уште еден показател плус за изедначеноста на двете репрезентации пред вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“.

Интересно, за нашата репрезентација прв на шампионатот, откако претходно ги одигравме сите пет во нашата „база“ во СРЦ „Кале“.  

Инаку, втората полуфинална двојка (игра од 21.часот, исто така во СЦ „Борис Трајковски“ ја сочинуваат Шведска и Чешка, репрезентации кои беа пред почетокот на шампионатот беа „видени“ како сигурни патници во „А“ Дивизијата.