Убедлив пораз на македонската мпадинска репрезентација на премиерата на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое денеска почна во полскиот град Гдиња.
Многу подобар ривал од нашиот тим „Под 20“ години беше оној на Шпанија.
ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 93:38
Очекувано, Шпанците имаа подобро отворање. Го почнаа натпреварот, односно првенството со водство од (15:3). Влегувањето во игра на Јовановиќ (реализираше шест поени по ред) донесе каква-таква агилност во нашиот напад. Намаливме на (15:9). Но до истекот на првата четвртина, со две тројки во серија, фаворитот зголеми на (21:9).
Се мачевме во нападот, тешко стигнувавме до противничкиот кош во текот на вториот период од играта. Првите поени (од линијата за слободни фрлања) ги реализираше капитенот Симиќ, дури по шест минути игра.
Две минути подоцна, Шпанија поведе со уште повисоки (42:11), и стана јасно дека во продолжението на овој премиерен меч ќе биде уште потешко за составот кој го предводи селекторот Боро Смилковски.
На големиот одмор, имавме уште поголемо заостанување, (13:48).
Без особени промени во играта протекна во второто полувреме, минути во кои „црвената фурија“ ја зголемуваше позитивата, од друга страна, нашите млади кошаркари се обидуваа да високиот минус не биде и преголем.
Но некако се остана само на желбата да се парира на далеку поквалитетниот противник.
Шанса за „поправка“ на овој првичен „впечаток“ нашите младинци ќе имаат веќе утре вечер, повторно од 20.30 часот, за кога е закажан дуелот потив репрезентацијата на Турција која во првото коло запиша минимален пораз (62:64) во дуелот со Белгија.
ЕП – „ПОД 20“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- ГДИЊА 2024
ГРУПА „Ц“
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Турција – Белгија 62:64
Шпанија – МАКЕДОНИЈА 93:38
ТАБЕЛА
1.Шпанија 1 1 0 93:38 2
2.Белгија 1 1 0 64:62 2
3.Турција 1 0 1 62:64 1
4.МАКЕДОНИЈА 1 0 1 38:93 1
ИДНО КОЛО (14.ЈУЛИ)
15.30: Белгија – Шпанија
20.30: МАКЕДОНИЈА - Турција