Во првиот четвртфинален натпревар на шампионатот во Тбилиси, машката младинска селекција на Македонија се сретна со Естонија. И не успеа да обезбеди пласмна во финалната „четворка“. Селекцијата од Балтикот беше подобар противник, водеше во скоро сите 40.минути од четвртфианлето, и ќе се бори за пласман кој води во „А“ дивизијата.
А на нашите младинци пак им останува борбата за пласман од 5. до 8. место на овој турнир во главниот град на Грузија.
ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 81:59
Естонија беше подобра екипа во првото полувреме. Имаа противниците една постојана предност која во средината на втората четвртина беше и преку двоцифрена. Во 17.минута, Естонија поведе и со (36:26).
Имавме проблми со реализацијата на напасот, но и покрја тоа намаливме на (33:40). За кратко затоа што во финалните секунди со тројката на расположениот Сурорг (шеста тимска), Естонија имаше плус 10 (43:33) на полувремето.
Ние реализиравме три тројки (од десет обиди), а Миловановиќ беше играчот кој ја проби границата од најмалку десет поени. Седум имаше Данаиловски, пет Савиќевиќ..
Но евидентно недостасуваше присуството на Андоноски, чија повреда (на скочниот зглоб) не може да биде санирана во рок од 48 часа. Па товарот во играта во рекетот падна над Хот и на Петрушевски.
Видливо на почетокот на третата чеѕвртина во која Естонија успеа да го наметне својот стил на игра. И што беше уште полошо за нашиот тим, да погодува отворени шутеви, посебно оние кои вредат по три поени. Многу брзо, Естонија погоди четири пати од зад линијата 6.75 метри, и за неполни четири минути влеговме во двојно поголема негатива (60:40), од која тешко успеавме да се ослободиме. Односно да ја симнеме на некоја прифатлива. Освен Миловановиќ немавме расположени играчи и во нападот. Имавме и двојно повеќе загубени топки во однос на квалитетниот ривал (14 спрема 7).
По 30. минути игра заостанувавме доста, (45:64).
Естонија не се задоволи со тоа водство, продолжија да погодуваат скоро од сите позиции, стигнаа и до уште повисоки и недостижни, (72:45), доволно за место во полуфиналето.
За нас останува „групата на утеха“, борба за што повисок пласман на овој турнир во Тбилиси.