23.07.2022

Во првиот натпревар од групата за пласман од 5. до 8. место, Летонците беа подобри, славеа со убедливи (85:62)

ЕП „Б“ ДИВИЗИЈА „ПОД 20“-МАЖИ – ТБИЛИСИ 2022: Македонија ќе игра за седмото место, загуби и од Летонија

Машката младинска селекција на Македонија не успеа да се опорави по оној пораз во четвртфиналето против селекцијата на Естонија.

Денеска пред нашиот состав „Под 20“ години се најде уште еден кој доаѓа од Балтикот. Селекцијата на Летонија која стигна до мошне лесен триумф кој ги носи кон натпревар кој ќе одлучи која селекција ќе заврши како петтопласирана. Нашата,пак, ќе игра за пласман на 7. место на овој турнир во главниот град на Грузија.  

МАКЕДОНИЈА - ЛЕТОНИЈА        62:85

Се чини дека нашите млади кошаркари ја повторија истата слабост. Слаб старт, рано влегување во двоцифрена негатива. А потоа „потрошувачка на енергија“ да се стигне до егал скор или пак пресврт.

Денеска, избраниците на селекторот Никола Василев скоро да ги репризираа оние моменти од четвртфиналето, рано влегоа во инфериорна ситуација од која не успеаа да излезат до крајот на 40.минути.

Ниту еден играч во нашата селекција не успеа да стигне до двоцифрен број на поени. Четворица од нив, Митревски, Хот, Данаиловски и Наков имаа по осум реализации.

За нас останува само уште еден натпревар. На финалниот ден од турнирот во Тбилиси ќе играме против поразениот од дуелот Бугарија-Шведска. Победата носи седмо, поразот осмо место на турнирот, најдобра скор на една наша младинска селекција откако е воведен овој „дивизиски“ формат  на натпреварување.