17.07.2022

Македонија одигра сигурно и без особени напори славеше убедлива победа над соседите (85:67)

ЕП „Б“ ДИВИЗИЈА „ПОД 20“-МАЖИ – ТБИЛИСИ 2022: Подобри од Косово, следува битка со Грузија за место во четвртфиналето

Третиот натпревар на првенството во Тбилиси за противник ни ги донесе соседите од северот, репрезентацијата на Косово. Минути во кои нашиот младински соства ја имаше контролата над играта и над резуѕлтатот, доволно да се запише вториот успех на евро-шмапионатот од Дивизијата „Б“, и во едно добро расположение да се дочека мечот на одлука, оној против домаќинот, а во кој победа ги носи нашите младинци во четвртфиналната фаза.  

КОСОВО – МАКЕДОНИЈА           67:85

За разлика од претходниот натпревар, на овој против Косово, нашите млади кошаркари имаа добар почеток. Уште во првите минути создадовме разлика која на истекот на десеттата беше седум поени (21:14).

Тоа некако го одреди понатамошниот тек на мечот. Во средината на втората четвртина, по забивањето на Андоноски, Македонија премина во двоцифрено водство (32:21). Нешто потоа имавме и уште повисоки (42:29) и (44:31), кога положи Хот, за полувремето да го затвориме со (45:33). Минути во кои Андоноски веќе имаше десет поени, Митревски и Хот по еден помалку. Со добра одбрана го натеравме противникот да направи 12. технички грешки.

Во исто темпо продолживме по големата пауза. Го задржавме високото ниво во дефанзивата. За нецели осум минути Косово имаше само осум реализирани поени. Ние двојно повеќе 16, за да дојдеме до уште повисока предност (41:61). До крајот на третата четвртина, имавме слични (64:47).

Освен Андоноски, двоен број на поени дојде Хот, кој собр аи седум топки во двата рекети, за да оствариме доминација и во тој сегмент во играта (имавме 38 наспроти 29 скока на ривалот).

Иако имавме проблеми со реализацијаја (само 22% во обидите за три), па и од линијата за слободни фрлања (ниски 56%), знаевме како да го одржуваме високото водство и да стигнеме до планираниот успех.

На крајот, Хот и Митревски имаа по 14.реализации, Андоноски 13, а Миловановиќ уште 10.

По три одиграни натпревари во групата „Б“, Македонија има ефект од две победи и еден пораз. Следуваат два дена пауза за нашата младинска репрезентација. На 20. јули, од 17.часот, ќе играме против селекцијата-домаќин, Грузија.