„Прво сонце во Тбилиси, а потоа дожд“. По стартниот успех против Австрија, нашата машка селекција „Под 20“ години загуби од Шведска и го поништи одличниот почеток на првенството во Грузија.
МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 90:92
Уште во раната фаза од натпреварот нашата младинска селекција влезе во голема негатива. По десет минути од играта Шведска имаше големи, убедливи (29:15).
И оној друг дел од средбата во Тбилиси се претвори во „бркање“ на таа двоцифрена разлика. Навистина пред крајот на вториот период „жолтите“ беа многу блиску до комплетен пресврт. Намалија избраниците на Никола Василев на, и тоа како, достижни (29:34), како што стоеше на семафорот во 17.минута.
Но шведскиот младински состав имаше добра завршница на првото полувреме во која тоа водство го зголеми на (43:35).
За нас задоволително, ако се земе в предвид прикажаното, особено во уводната четвртина.
Во продолжението големи резултатски падови во играта на двете селекции практипно и немаше. Ние упорно напаѓавме, а Шведска знаеше како да се одбрани од сите наши атаци за промена на водството.
Најблиску бевме во 27.минута, кога Миловановиќ намали на (53:56). Но одново влеговме во проблеми, особено со грешките, па уште еднаш Шведска се врати на пристојно растојание.
По три четвртини водеше со (67:58). Уште подалеку од успехот бевме и на средината на последната делница. Противникот имаше и плус 14 (76:62), со кои ја најави втората победа на првенството (претходно беа подобри и од селекцијата на Косово).
По тројката на Митревски, имавме едноцифрено заостанување (67:76), но само уште нецели пет минути за пресврт. Се доближивме и на (71:78), потоа на уште пониски (74:79). На 34. секунди Хот положи за (83:87), но немаше простор за посакуваниот „камбек“.
Четворица наши кошаркари дојдоа до двоцифрен број на поени. Најмногу, 22, даде Амар Хот (додаде и десет скока), 18 реализираше Миловановиќ (плус и девет скока), Савиќевиќ три помалку (и осум успешни доавања), додека пак Андоноски ги испрати со 13.
Утре претпладне, од 12.30 часот, нашата младинска репрезентација ќе игра против селекцијата на Косово.