13.07.2022

Во многу важниот натпревар за пласман во четвртфиналната фаза, Македонија ја победи Романија (55:53), чекаме пораз на Хрватска

ЕП „Б“ ДИВИЗИЈА „ПОД 20“-ЖЕНИ – СКОПЈЕ 2022: Девојките се многу блиску до четвртфиналето!

Женската селекција на Македонија „Под 20“ години, славеше минимална, но голема победа против Романија во четвртиот меч од групата „Ц“ на Европското првенство во Скопје. И сега, со скор од две победи и и два порази засега сме на втоеата позиција на табелата во пресрет на последнито натпревар во ова друштво на турнирот во Скопјер. во кој од 21.пасот, силите ќе ги одмерат репрезентациите на Црна Гора и на Хаватска

МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА     55:53

Првото полувреме во целост им припадна на романските кошаркарки. Во првата четвртина противникот се стекна со солидно водство од (20:12), кое се два точни обиди за три поени  успеавме да го намалиме на (18:22). Но до истекот на првото полувреме не и да го стигнеме во целост. По 20. минути од играта, Романија водеше со сосема солидни, според прикажаната игра (29:22).

Матеа Николиќ се врати во составот на нашата женска младинска селекција за овој меч на одлука во кој осум наши кошаркарки се запишаа во листата на стрелците во првиот дел од играта. Но најмногу, пет, имаше токму Николиќ.

Имавме предност во скокот, но загубивме премногу топки... Дури 17,  за тие 20.минути во кои останавме на тие две тројки од почетокот на втората четвртина (а имавме 14.обиди).

Но заборавивме на сите, не баш добри моменти, во првото полувреме, на одморот. Малку поинаква беше сликата на теренот во она второто. Особено на почетокот во кој нашите млади кошаркарки ги имаа своите најдобри моменти. Поточно, серија од (12-0) со која направивме комплетен пресврт, и во резултатот, а особено во играта. Извесно, одличната дефанзива ни отвори многу поголем простор во напаѓачките активности, кои вродија со плод.

Македонија поведе со (34:29).

А што беше исто така важно, се разбуди и публиката во салата на СРЦ „Кале“.

Ниту тајм-аутот на романскиот селектор не донесе промени на теренот, затоа што една минута подоцна, стигнавме и до уште поубедливи (38:29). По скоро шест минути Романија постигна кош од игра.

Романките погпдија уште два пати, за да намалат на (34:38). На истекот од нашата најдобра четвртина на првенството, во која Селцова реализираше 12.поени, имавме предност од три поени (40:37).

По две минути игра во последниот период, беше нерешено - (42:42). Ист беше резултатот и три минути подоцна (47:47). Ништо не се смени и во наредните три (49:49), во кои направивме некои грешки во додавањата.

На влезот во последните две минути имавме еден поен предност, половична од линијата за слободни фрлања беше Николиќ, за (50:49). Многу подобра од истата позиција беше Димитријевиќ, која на 20 секунди до крајот ни донесе плус 4, (54:50). Но Петроф погоди тројка од осум метри, за да ја продолжи неизвесноста (53:54). Ја снема кога Атанасовска погоди ново слободно фрлање, за конечни (55:53).

За втора победа во четири одиграни натпревари во групата „Ц“ во која вториот патник за четвртфиналето ќе го даде дуелот помеѓу селекциите на Црна Гора и на Хрватска.

Победа на Црна Гора, или пораз на Хрватска, ќе значи пласман на нашите девојки во најдобрите осум на шампионатот во Скопје.