Германија важеше како фаворито во дуелот со нашата женска младинска селекција. И го оправда тоа, стигна до убедива победа
ГЕРМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 87:44
Бевме конкурентни нецели седум минути, кога заостанувавме три поени (10:13). Но во наредните три, Германија направи серија (10-0), и на истекот на првата четвртина имаше висока позитива (23:10).
Но тука Германките не застанаа, продолжи нивната серија, која ги однесе и на плус 20 (32:12).
Во средишниот дел од четвртината попушти притисокот на противникот, доволно да симнеме дел од негативата. Со серија (10-5), се доближивме на (22:37). Но за кратко, затоа што до истекот на полувремето Германија се врати, би се рекло, на стандардната предност (42:25).
Без промени стартуваше и второто полувреме во овој меч во кој двете селекции се бореа за што подобар пласман. Германија ја потврди својата доминација, стигна и до двојно поголема позитива (66:33) во 29.минута од играта. Како потврда за победата која ги носи во натпреварот за позицијата број 5.
На последниот ден од Европското првенство од Дивизијата „Б“, ќе играме за седмата позиција, и тоа против поразениот од дуелот Грција-Норвешка кој стартува од 16.30 часот.