Од 15. до 24. јули, во Тбилиси, нашите младинци ќе се борат за што подобар пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“
МАКЕДОНИЈА
По тренингот кој нашата селекција „Под 20“ го одработи во националната арена, веќе од петок, стартувааат возбудувањата на турнирот во Тбилиси. Во првото коло од групата „Б“, од 19.15 часот, ќе играме против соодветната селекција на Австрија. И овој натпревар ќе биде основниот патоказ кон она што следува во наредните денови на шампионатот.
Согласно распоредот на натпреварите во групата, во второто коло нè очекува дуел против репрезентацијата на Шведска (14.45 часот), а ден подоцна избраниците на селекторот Никола Василев ќе играат против Косово, во натпревар закажан за 12.30 часот.
Следуваат дури два дена за одмор и за рекуперација, пред последниот, веројатно и решавачки натпревар за расплет во групата „Б“, против селекцијата на Грузија-домаќин на ова ФИБА натпреварување.
„После триесет дневни подготовки, може да кажам дека постигнавме оптимална натпреварувачка форма со екипата. Одигравме шест пријателски натпревари кои беа со противници од различен квалитет и од кои добивме појасна слика како би требало да изгледа нашата игра. Атмосферата во екипата е одлична. Како и во секој подготвителен период имавме помали здравствени проблеми со некои играчи , но навремено ги решивме. Јас верувам во овие момци и се надевам дека ќе оствариме добри резултати и пласман во посакуваните топ 3. Секако треба да бидеме фокусирани на првите натпревари во групата во која се наоѓа и домаќинот Грузија, која заедно со Србија, Финска се еден од фаворитите на првенството“- порачува селекторот Василев по пристигнувањето во Тблиси.
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
На Европскиот шампионат во Тбилиси (15-24.јули), ќе учествуваат вкупно 19. национални селекции. Ќе бидат поделени во четири групи (една со четири и три со пет селекции-учесници).
Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналната фаза. Екипите кои ќе завршат од третото од петтото (четвртото) место, ќе се борат за пласман од 9-19. место. Ќе бидат поделени во две групи (со пренесени резултати од првата групна фаза од натпреварувањето).
Победниците од четвртфиналните пресметки, обезбедуваат пласман во полуфиналето, кое се игра на 23. јули, а финалето и натпреварот за третото место се играат во недела, за кога е предвидено и свеченото затворање на шампионатот.
Трите најдобри селекции од ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години ќе бидат промовирани во Дивизијата „А“ за наредниот шампионат, во 2023 година.
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: Романија, Исланд, Холандија, Луксембург, Естонија
ГРУПА Б: МАКЕДОНИЈА, Шведска, Косово, Австрија, Грузија
ГРУПА Ц: Летонија, Унгарија, Ирска, Бугарија
ГРУПА Д: Финска, Србија, Албанија, Швајцарија, Словачка
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
15. ЈУЛИ (ПЕТОК)
19.15: Австрија – Македонија
16. ЈУЛИ (САБОТА)
14.45: МАКЕДОНИЈА – Шведска
17. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
12.30: Косово – МАКЕДОНИЈА
20. ЈУЛИ (СРЕДА)
17.00: МАКЕДОНИЈА – Грузија
МАШКА СЕЛЕКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПОД 20“ НА ЕП ОД ДИВИЗИЈА „Б“ ВО ТБИЛИСИ
Марин Петков 192см. бек Феникс 2010
Марко Миловановиќ 195см. крило Јуви Кремона
Андреј Андоноски 200см. силно крило МЗТ Скопје Уни Банка
Павел Данаиловски 183см. бек Работнички
Гоце Петрушевски 200см. крило Сан Северо
Лука Савиќевиќ 190см. бек Истерн Мичиген
Филип Наков 194см. бек Водно Санс
Андреј Митревски 190см. бек Феникс 2010
Амар Хот 199см. силно крило Феникс 2010
Тодор Златев 185см. бек Еуро Никел 2005
Никола Василевски 192см. бек МЗТ Скопје Уни Банка
Никола Младеновски 204см. центар Цирих
СЕЛЕКТОР: Никола Василев
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Сашо Тодоровски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Нино Чачиќ
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Тино Даневски