11.08.2022

Во првиот круг од натпреварите во салата на СРЦ „Кале“ нè чекаат мечеви со Црна Гора, Шпанија и Грција...

ЕП ДИВИЗИЈА „A“ - „ПОД 16“ МАЖИ – СКОПЈЕ 2022: Македонија, како домаќин, бара опстанок во друштвото на елитната кадетска конкуренција

Во петок, и официјално стартува Европското првенство Дивизија „А“ за кошаркари „Под 16“ години каде во улога на организатор уште еднаш е нашата федерација.

Вкупно 16. селекции, во девет натпреварувачки дена (12-20. август), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, а најдобрите три да обезбедат медали, а оние другите да ги избегнат последните места кои водат кон „Б“ сегментот од оваа младинска машка конкуренција.  

МАКЕДОНИЈА

Нашите момчиња се дел од групата „Д“ во која се уште и националните тимови на Шпанија, Грција и Црна Гора.

Натпреварите на ова првенство нашиот машки кадетски состав (кошаркари родени 2006 година и помлади) ќе ги играат во салата на СРЦ „Кале“.

Сите три средби од првата, групна фаза, според распоредот, ќе ги играме од 18.45 часот.

Стартуваме во петок, а прв противник на првенството ќе ни биде една добро позната селекција – Црна Гора. Наредниот ден, во истиот термин, 18.45 часот, нашата селекција „Под 16“, ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Грција. А првата фаза од првенството во Скопје ќе ја затвориме со меч против топ-фаворитот за златниот медал - селекцијата на Шпанија.

Во периодот на подготовките нашата машка кадетска репрезентација одигра неколку контролни натпревари. По два со селекциите на Бугарија на гостински терен во Тарговиште, и уште две против Србија, исто така на гостински паркет, во Белград. Бевме домаќини на уште еден силен меѓународен турнир во Скопје, каде игравме против Поанија, Израел и Турција.

Според изгледот на другите групи, се чини дека нашата, која скоро „балканска“, е една од најтешките од кои ќе се бара премин во осминафиналето, и понатаму, во елиминациите кон места кои водат кон медалите.

„После успешно реализираните подготовки за Европското првенство во траење од 45 дена, комплетни влегуваме на овој шампионат од најсилната кадетска конкуренција. Ќе ни биде особена чест да биделе дел од ова големо натпреварување, и во оваа прилика можам да ветам дека ние ќе го дадеме нашиот максимум за националниот дрес. Тоа што сме домаќини на ова првенство треба да ни биде мотив плус за добра игра. Во исто време посакувам и да не изостане онаа поддршка од трибините. Очекувам публиката да ни даде дополнителна енергија во реализација на нашите планови. Тоа многу ни значи“ – вели пред почетокот на турнирот во Скопје, селекторот на нашата најдобра кадетска селекција, Андреј Апостолски Лечиќ

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

На Европскиот шампионат во Скопје (12-20. август), ќе учествуваат вкупно 16. национални селекции. Ќе бидат поделени во четири групи (секоја со по четири екипи).

Согласно со системот за натпреварување, сите четири селекции од четирите групи ќе обезбедат пласман во осминафиналната фаза. Во втората рунда, која е веќе елиминациска, за местата во четвртфиналето ќе се разигрува согласно со пласманот од првата, групна фаза (А1-Б4, А2-Б3, А3-Б2, А4-Б1, Ц1-Д4, Ц2-Д3, Ц3-Д2, Ц4-Д1).

Победниците од четвртфиналните пресметки, обезбедуваат пласман во полуфиналето, кое се игра на 19. август, а финалето и натпреварот за третото место се играат во недела, за кога е предвидено и свеченото затворање на шампионатот.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Израел, Литванија, Франција, Холандија

ГРУПА Б: Словенија, Србија, Хрватска, Данска

ГРУПА Ц: Летонија, Италија, Турција, Полска

ГРУПА Д:  Црна Гора, Грција, Шпанија, МАКЕДОНИЈА

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Д

12. АВГУСТ (ПЕТОК):

18.45: Црна Гора – МАКЕДОНИЈА (СРЦ Кале)

21.00: Грција – Шпанија (СРЦ Кале)

13. АВГУСТ (САБОТА):

18.45: Шпанија – Црна Гора (СЦ „Борис Трајковски“)

18.45: МАКЕДОНИЈА – Грција (СРЦ Кале)

14. АВГУСТ (НЕДЕЛА):

14.15: Црна Гора - Грција (СЦ „Борис Трајковски“)

18.45: Шпанија – МАКЕДОНИЈА (СРЦ Кале)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО - 12. АВГУСТ (ПЕТОК):

14.15: Израел – Холандија (СЦ „Борис Трајковски“)

14.15: Летонија – Полска (СРЦ „Кале“)

16.30: Литванија – Франција (СЦ „Борис Трајковски“)

16.30: Италија – Турција (СРЦ „Кале“)

18.45: Словенија – Данска (СЦ „Борис Трајковски“)

18.45: Црна Гора – МАКЕДОНИЈА (СРЦ „Кале“)

21.00: Србија – Хрватска (СЦ „Борис Трајковски“)

21.00: Грција – Шпанија (СРЦ „Кале“)

МАШКА СЕЛЕКЦИЈА „ПОД 16“ НА ЕП ОД ДИВИЗИЈА „А“ ВО СКОПЈЕ

Карло Димевски         182см.       бек   Феникс 2010

Никола Јаничиќ 193см.       бек-шутер Водно Санс

Коста Ќириловски      196см.       силно крило      Водно Санс

Дино Лазарев    197см.       крило        Дино Баскет

Марко Лукановски    209см.       центар       Оrange One (Италија)

Лука Марјановиќ       187см.       бек   Водно Санс

Сергеј Младеновски  182см.       бек   Вардар

Давид Петрушевски   200см.       крило        San Severo ((Италија)

Стефан Стојковиќ       196см.       крило        Феникс 2010

Атанасиј Трајанов      199см.       силно крило      Водно Санс

Бојан Величковски     196см.       крило        МЗТ Скопје Уни Банка

Димитар Зетов  185см.       бек   Струмица 

Селектор: Андреј Апостолски Лечиќ

Асистент-тренер: Дејан Србиновски

Асистент-тренер: Никола Димитриевски