Нашата машка селекција „Под 16“ години не го надгради стартниот успех на евро-шампионатот. На вториот натпревар од групата „Д“, подобра од нашата, беше селекцијата на Грција.
МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА 48:78
Нашите јужни соседи уште во раната фаза од натпреварот од второто коло од групата „Д“ обезбедија висока предност. На истекот на десеттата минута, Грција поведе со (25:8).
Многу поизрамнето се играше во втората четвртина во која нашите момци полека се ослободија и од оној психолошки притисок кој го носат овие средби против доста квалитетни противници.
Одиграа егал во наредните десет минути, но противникот успеа да ја одржи високата позитива. На полувремето гостите водеа со (42:22).
Не продолживме во тоа темпо по паузата од 15.минути. Грчките кадети направија мини серија од (7-1) и поведоа со уште повисоки (49:23). Одговоривме со шест брзи поени, но немавме доволно енергија против корпулетните момци од Грција, кои најдоа одговор и до крајот на тој трет период, ја вратија сигурната разлика, (59:34), која ги доенсе до вториот позитивен резултат на турнирот.
Во третото, и последно коло од првата, групна фаза, утревечер од 18.45 часот, нашата селекција „Под 16“ години, одново во СРЦ „Кале“, ќе игра против Шпанија во кој веројатно ќе се одлучува за втората стартна позиција во овааа група од Европското првенство во Скопје, пред осминафиналните елиминации.
Со голем пресврт во втѕорото полувреме, Шпанците славеа прв триумф на шампионатот. Беа подобри од Црна Гора (74:66).
По две одиграни кола, Грција е прва со скор (2-0), ние и Шпанија сме на половичен ефект (1-1), додека Црна Гора е последна со два порази во два одиграни натпревари.