Машката кадетска селекција на Македонија загуби од Турција во осминафиналниот натпревар од ЕП Дивизија „А“ кое деновиве се игра во Скопје. Тоа значи и елиминација на нашите кадети од трката за четвртфиналето, кое понатаму води и кон борба за медали
ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 82:74
Турците беа подобар противник, особено тоа се однесува на првото полувреме во кое и се стекнаа со предност, која на прајот се покажа и како пресудна.
По нерешените (9-9) во уводниот дел од осминафиналето, нашите момчиња застанаа, и му дозволија на противникот да направи прво одвојување во текот на играта. До истекот на првиот период, противникот поведе со (19:12).
Сличен беше развојот на настаните и во продолжението од играта. Турција стигна и до двоцифрено водство, кое на полувремето изнесуваше високи (43:28).

Многу подобро изгледаше нашата игра во второто полувреме. Во третиот период најавивме дека сме подготвени да се бориме до последната секунда од ова осминафинале. И избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ, успеаја во тие обиди. Макар и да дојдат до едноцифрено заостанување. Сепак, високото водство кое го имаше Турција се покажа како доволно за пласман во четвртфиналето.
Имавме одличен финиш, но не и доволно време за комплетно враќање во мечот. Па сега, за нас останува нова прилика да ги реализираме амбициите кои се поврзани со останување во елитното друштво.

Го чекаме противникот во следниот елиминациски круг. Односно поразената селекција од средбата Литванија и Данска која е во тек и се игра во СРЦ „Кале“.