Во последната минута од регуларниот дел имавме шест поени предност, но противникот од Балтикот стигна до продолжение од пет минути во кои дојде до триумфот кој ги води во натпревар за 9. позиција на првенството во Скопје.
МАКЕДОНИЈА - ЛЕТОНИЈА 77:83
Машката кадетска селекција на Македонија ќе игра за пласмна на 11. место на Европскиот шампионат за играчи „Под 16“.
Иако имавме скоро „добиен меч“, на нецели триесет секунди пред крајот на регуларниот дел водевме со (65:59), тоа се покажа како недоволно з аконечен успех.
Летонците успеаја да ја стигнат нашата позитива, имаа и шанса и да победат. Но на осум секунди пред крајот Петерсон погоди само едно од двете слободни фрлања. За нерешени (65:65). Во последниот наш напад Величковски беше „прекраток“ во својот обид, за победа на Македонија, па мораше да се играат дополнителни.
Во нив Летонците покажаа поголема смиреност, и добра реализација, а конечни (83:77).
По овој пораз, нашите кадети утре, од 13.45 часот ќе играат за 11.место на првенството во Скопје. Противник ќе им биде поразениот од натпреварот помеѓу репрезентациите на Црна Гора и Полска кој стартуваше во 21.часот, во салата на СРЦ „Кале“.