Во натпреварот кој одлучуваше директен пласман во групата на репрезентации кои обезбедуваат опстанок во друштвото на најдобрите селекции во „Под 16“ конкуренцијата, нашите кадетски репрезентативци го одиграа и најдобриот натпревар на шампионатот во Скопје.
Славеа убедлива победа над данска, па во последните два натпреварувачки дена ќе се борат за пласман од 9. до 12. место на ЕП од оваа возрасна конкуренција
ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 64:83
Сосема добро го почна натпреварот нашата кадетска селекција. Уште во воведните моменти е виде желбата кај момците кои ги предводи Андреј Апостолски Лечиќ голема желба за победа која носи опстанок во друштвото на најдобрите кадетски селекции во Европа.
На крајот на првиот период имавме водство од шест поени (22:16).
А на почетокот на втората четвртина по серијата (7-3), дојдовме и до двоцифрена предност (29:19), но им дозволивме на Данците серија од седум неодговорени поени од нашата страна, за нивно приближување, (26:29) кога се играше 14.минута.
Но оние наредни шест, веројатно беа и најдобрите за нашата репрезентација „Под 16“ на овој шампионат. Предноста од три поени до полувремето ја направивме да биде голема, па слободно може да се каже и огромна ако се земат в предвид случувањата на теренот.
По 20.минути игра, Македонија водеше со (49:34).
Зетов и Јаничиќ со десет, односно Луканоски со осум поени, го предводеа нашиот тим до високата предност.
Токму кога беше најпотребно, нашите млади кошаркари продолшија да играат доста зрело, и паметно. Кога веќе стигнаа до убедливата позитува, не оставија ништо на случајноста. И по 15 минути предвиени за одмор, продолжија без големи осцилации во играта. До крајот на третиот дел, не само што го оддржаа високото водство, туку го направија и повисоко. По 30.минути имавме (63:45).
И што е поважно, немавме намера да ги испуштиме во оние последни десет.
На еден, би се рекло рутинерски начин, како зад себе да имаат голем број на вакви натпревари од типот „да се биде или не“, ја одиграа и последната секвенца.
За големо славење, заслужено, Македонија и догодина ќе има национална селекција во елитната конкуренција – онаа кадетската!