20.08.2022

На три секунди пред крајот, Зетов не погоди за три поени, победата е за Полска (71:68)

ЕП ДИВИЗИЈА „A“ – „ПОД 16“ МАЖИ – СКОПЈЕ 2022: Македонија заврши на 12. позиција во Европа

Кадетската репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП од Дивизијата „А“ кое вечерва се затвора во Скопје.

На последниот ден, и мечот за 11.место, подобра од нашата, беше селекцијата на Полска

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА           68:71

Полските кадети имаа постојано водство. По „сиромашната“ и со поени и со игра прва четвртина, имаа минимални (8:7). А кога двете селекции почнаа да погодуваат, до истекот на првото полувреме, Полска изгради солидни (35:29).

Во продолжението на натпреварот, ги „бркавме“ постојано, но во третиот дел од играта надополнивме само еден поен од таа незгодна негатива (56:61).

Работите почнаа да се одвиваат добро по нашиот тим во последната, во која конечно дојдовме до она што го посакувавме – водство.

По тројката на Зетов, на неполни четири минути до крајот, поведовме со (68:67). Но за жал, тоа беа и нашите последни поени на ова првенство, во кое стигнавме до основната цел – опстанокот во елитната кадетска конкуренција. Финиширавме на 12. Позиција во Европа, и оваа селекција остави „наследство“ за онаа наредната, играчи родени 2007 година и помлади.

Дино Лазарев со 13.поени го предводеше нашито тим во кој имавме уште тројца „двоцифрени“ кошаркари. Зетов и вечичковски имаа по 11. А Луканоски уште десет поени. Десет скока, но и девет поени имаше Трајанов.