Нашата женска селекција „Под 16“ одигра далеку подобар натпревар во однос на премиерниот на првенството во Подгорица, но тоа не беше доволно за успех
БИХ – МАКЕДОНИЈА 47:29
Доста изедначена беше и играта и резултатот во првото полувреме од вториот меч од групата „А“ на ЕП од Дивизијата „Б“.
Босанките ја добија првата четвртина со (12:9), а уште помалку ефикасно двете селекции одиграа и во втората. Но и во една таква ситуација, противникот помина подобро, дојде до повисока предност, која на полувремето инесуваше (21:15).
Се чини дека пресудна беше четвртината по големата пауза во која БиХ ја направи и решавачката позитива. Нашите млади кошаркарки дадоа само пет поени во тој период, примија 11, и влегоа во уште поголемо заостанување (20:32).
Слично се одвиваа работите и во четвртата четвртина во која Ана Ангеловска стигна до 11.поени, и беше единствената наша кошаркрка со таков, двоцифрен, поентерски ефект.
Во третото коло од шампионатот во главниот град на Црна Гора, нашата женска кадетска сеекција е игра против соодветната селекција на Холандија. Натпреварот стартува во 18.45 часот.