Противникот симна голем број од дилемите уште во првото полвреме кога стигна до убедлива предност (43:20)
МАКЕДОНИЈА - ХОЛАНДИЈА 42:89
Селекцијата на Холандија беше апсолутно подобар противник во мечот кој се играше во Подгорица, а беше во рамките на третото коло од групата „А“ од ЕП Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години.
Уште на почетокот, во десет минути од играта, младите кошаркарки на Холандија поведоа со (27:11) и најавија дека не планираат изненадување во дуелот со нашата кадетска селекција.
Слично се развиваа настаните на теренот и во вториот период во кој противникот „качи“ на уште повисоки (43:20).
Без промени на теренот се одвиваа работите и во второто полувреме во кое нашата селекција „Под 16“ години остана без решенија за ефикасните Холанѓанки кои на крајот запишаа планирана победа.
По три одиграни кола нашите девојчиња имаат исто толку порази, и ќе се обидат да поправат нешто во играта на наредниот натпревар. Оној против Ирска, кој е планирано да се одигра на 22.август (понеделник), со почеток во 21.часот.
На овој, Зара Стојковска беше релизатор на 13, а Милица Николиќ постигна 11. поени