Нашите кадетки имаа добар почеток на натпреварот. Но не и нешто повеќе од тоа. Беа рамноправни само во првата четвртина, на крајот забележаа уште еден, убедлив пораз, четвртти по ред во првата, групна фаза, од евро-шампионатот.
ИРСКА – МАКЕДОНИЈА 94:40
Само десет минути рамноправен беше дуелот помеѓу двете селекции во Подгорица. И тоа онаа првата...
Минути во кои нашата женска кадетска селекција успеа да оддржи резултатски егал, но во последните миути од првиот период, девојките од Ирска сепак се одвоија на (22:13).
Најава за уште поефикасна нивна игра, која до полувремето резултираше со парцијални (24:7), и недостижни (46:20) уште на истекот на првото полувреме.
Во она второто, нашите кадетки се обидуваа да ја зголемат реализацијата во нападот. Одиграа многу подобро во тој сегмент во однос на втората четвртина. Но недоволно да направат резултатско „враќање“ во натпреварот.
По четири одиграни кола, со четири порази, нашата селекција „Под 16“ години е последнопласирана во групата „А“ на шампионатот во Подгорица. Па по еден одмор, избраничките на селекторот Горан Даниловски ќе продолжат со натпреварувањето во сегментот од 9. до 19. место, и ќе се обидат да дојдат до подобри игри и резултати.