27.08.2022

На простување од натпреварите на турнирот во Подгорица, нашата женска селекција загуби од Луксембург со резултат (51:59)

ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ – „ПОД 16“ ЖЕНИ - ПОДГОРИЦА 2022: Пораз од Луксембург на крајот

На една победа остана нашата женската кадетска селекција на ЕП од Дивизијата „Б“ кое денеска завршува во Подгорица

ЛУКСЕМБУРГ (У16) – МАКЕДОНИЈА (У16)   59:51

Подбра од нашата беше и селекцијата на Луксембург. Селекција која имаше постојано водство, во целиот тек на овие последни 40.минути на шампионатот за двете репрезентации кои се бореа за пласман од 17. до 19. место.

На истекот на првата четвртина, Луксембург водеше со (22:15), на полуврееот таа предност беше и повисока (36:27).

Ниту одморот не доенсе некоја промена во играта, согласно со тоа и во резултатот. Противникот не ни дозволи да се приближиме наа тоа, би се рекло стандардно водство, Напротив, до крајот на третата четвртина имаше уште повисоки, сега веќе и двоцифрени (50:29)

Недостижни за нашите млади кошаркарки, кои го заврѓија насташот во Подгорица со една победа (шротив Швајцарија). А на оваа средба, последна на првенството, Зара Стојковска се издвои со 20. реализирани поени, два скока и две асистенции, додека Милица Николиќ затвори со ефект од 12. поени и 8.скока.