25.08.2022

Во натпреварот за пласман, бевме подобри од Швајцарија со резултат (64:57)

ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ – „ПОД 16“ ЖЕНИ - ПОДГОРИЦА 2022: Прва победа за кадетките на Македонија!

Женската селекција на Македонија „Под 16“ стигна до посакуваниот триумф на првенството во Подгорица. Во рамноправен натпревар, на крајот, нашите кадетки излегоа како победнички во дуелот со Швајцарија

МАКЕДОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА  64:57

Решавачка за конечниот исход беше нашата подобра игра во третата четвртина во натпреварот за палсмна од 17. до 19. место на шампионатот.

По израмнетото прво полувреме, во кое избраничките на селекторот Горан Даниловски имаа предност, но само од три поени (36:33), по големиот одмор, одигравме добра одбрана која резултираше противничката репрезентација да реализира само девет поени. Ние дадовме двојно повеќе, за двоцифрена предност (54:42), која успеавме да ја задржиме, и за прв пат да победиме на турнирот во Подгорица.

Милица Николиќ со дабл-дабл од 16.поени и 13. скока, го предводеше нашиот тим до посакуваната победа, во која свој придонес дадоа и Ана Ангеловска со 15. реализации, Бојана Николиќ која имаше 12, како и Зара Стојковска која постигна десет.  

По два дена одмор, во недела, од 12. часот, ќе го играме и вториот натпревар од новоформираната група „Е“, а противник ни е селекцијата на Луксембург.