Во четврток, и официјално стартува Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години каде во улога на организатор е националната федерација на Црна Гора.
Вкупно 19. селекции, во десет натпреварувачки дена (18-27. август), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, а најдобрите три да обезбедат промоција во „А“ сегментот од оваа кадетска женска конкуренција.
МАКЕДОНИЈА
Нашите девојки се дел од групата „А“ во која се уште и националните тимови на Србија, БиХ, Холандија, и Ирска.
Натпреварите на ова првенство нашиот женски кадетски состав (кошаркарки родени 2006 година и помлади) ќе ги играат во две сали во главниот град на Црна Гора.
Стартуваме во четврток, а прв противник на првенството ќе ни биде една соседска селекција – Србија.
На 10. јули следува пауза за нашата селекција, а веќе на 11. јули, ќе ги одмериме силите со репрезентацијата на Хрватска. Ден подоцна играме против Црна Гора, а првата фаза ќе за затвориме со меч против селекцијата на Романија.
Во периодот на подготовките нашата женска младинска репрезентација одигра четири контролни натпревари. Две со селекцијата на Црна Гора на гостински терен во Подгорица, и уште две против Швајцарија на домашен паркет.
Според изгледот на другите групи, се чини дека нашата, која е практично „балканска“, е една од потешките кои обезбедуваат премин во четвртфиналниот круг од натпреварите во Подгорица.
Кои се очекувањата на нашиот стручен тим, предводен од селекторот Горан Даниловски:
„Селекцијата составена од кошаркарки родени 2006/2007, повеќето од нив се 2007 во овие триесетина дена одработени за време на подготовките, како и четирите контролни натпревари, покажаа карактер и дека сакаат, дека се подготвени да се борат за националниот дрес. Овие 12 девојки ќе се обидат да се покажат во најдобро светло. Ќе се обидеме да извадиме максимум и покрај тоа што во Подгорица допатувавме ослабени, со неиграњето на Ања Начевска, која не успеа да ја санира повредата. Таа е една од нашите најперспективни кошаркарки родени 2007 година и ќе биде навистина хендикеп за нас. Честа да се бранат боите на Македонија е голема, затоа и играчите и стручниот штаб ќе се фокусирани на прикажување на што е можно добри игри, и максимално користење на квалитетите на секој поединец кој е дел од оваа наша национална селекција“- вели селекторот Даниловски пред почетокот на првенството во Подгорица.
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
На Европскиот шампионат во Подгорица (18-27.август), ќе учествуваат вкупно 19. национални селекции. Ќе бидат поделени во четири групи (една со четири и три со пет селекции-учесници).
Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналната фаза. Екипите кои ќе завршат од третото од петтото (четвртото) место, ќе се борат за пласман од 9-19. место. Ќе бидат поделени во две групи (со пренесени резултати од првата групна фаза од натпреварувањето).
Победниците од четвртфиналните пресметки, обезбедуваат пласман во полуфиналето, кое се игра на 26. август, а финалето и натпреварот за третото место се играат ден подоцна, за кога е предвидено и свеченото затворање на шампионатот.
Трите најдобри селекции од ЕП од Дивизијата „Б“, ќе бидат промовирани во Дивизијата „А“ за наредниот шампионат, во 2023 година.
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: МАКЕДОНИЈА, Холандија, БиХ, Ирска, Србија
ГРУПА Б: Црна Гора, Бугарија, Норвешка, Турција
ГРУПА Ц: Украина, Исланд, Швајцарија, Израел, Шведска
ГРУПА Д: Романија, Луксембург, Словачка, Велика Британија, Австрија
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
ГРУПА „А“
18. АВГУСТ (ЧЕТВРТОК):
16.30: Ирска – БиХ
21.00: МАКЕДОНИЈА – Србија
Холандија - слободна
19. АВГУСТ (ПЕТОК):
16.30: Холандија – Ирска
18.45: БиХ – МАКЕДОНИЈА
Србија – слободна
20. АВГУСТ (САБОТА):
14.15: Србија – БиХ
18.45: МАКЕДОНИЈА – Холандија
Ирска – слободна
22. АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.45: Холандија – Србија
21.00: Ирска – МАКЕДОНИЈА
БиХ - слободна
23. АВГУСТ (ВТОРНИК):
18.45: Србија – Ирска
21.00: БиХ – Холандија
МАКЕДОНИЈА - слободна
ЖЕНСКА СЕЛЕКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПОД 16“ НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ – ПОДГОРИЦА 2022
Бојана Николиќ 159см. бек Вардар
Зара Стојковска 170см. крило Бадел 1862
Мартина Џангаровска 165см. бек Вардар
Сара Белкоска 165см. бек Струга 2009
Инослава Стаменковска 168см. крило Крива Паланка
Теодора Синиковска 176см. силно крило Струга 2009
Ана Ангеловска 160см. бек Патриот 2016
Милица Николиќ 188см. центар Војводина Нис (Србија)
Ана Иветиќ 177см. силно крило Тим Арена
Белма Дечковиќ182см центар МЗТ Скопје Аеродром
Стела Стојановска 166см. крило Баскет Кам 2011
Ива Дојчинова 169см. бек Тим Арена
Селектор: Горан Даниловски
Асистент-тренер: Симона Деловска
Асистент-тренер: Атанас Димов