Женската јуниорска репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во оваа возрасна категорија. Во натпревар за пласман од 9. до 18. место на турнирот во Софија, подобри од нашите, беа јуниорките на Украина...
УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 91:47
Украина беше далеку подобар противник во овој натпревар по кој нашата селекција „Под 18“ години ќе продолжи со обидите да дојде до првата победа во оваа конкуренција.
Уште во првото полувреме украина обезбеди висока предност. По првиот период беше (28:15), а веќе на полуврeмето, девојките во „сино-жолта“ комбинација имаа уште повисоки (51:26).
Ништо не се промени ниту по оние 15.минути предвидени за одмор и за совети. Подобриот ривал изгради уште повисока разлика. По три периоди имаше плус од 35.поени, (73:38).
Михаела Алексовска со 21. поен (шут од поле 7/15, и 7/10 од линијата за слободни фрлања), дополнети со седум скока, беше нашата единствена кошаркарка со двоен број на реализации.