Женската јуниорска селекција на Македонија загуби од Норвешка во натпреварот кој одлучуваше која од овие две селекции ќе заврши на 17.позиција на шампионатот кој во изминатите девет дена се игра во главниот град на нашиот источен сосед, Софија.
МАКЕДОНИЈА - НОРВЕШКА 49:78
Освен во прватѕа четвртина во која имавме водство од (11:9), се друго беше на страна на противникот. Особено квалитетно норвешката селекција одигра во вториот и во третиот период од играта во овој финален меч на турнирот. Односно 20.минути во кои Норвешка и ја обезбеди победата, за нив прва на првенството. Дел од играта во кој противничиките кошаркарки дадоа дури 50.поени, ние собравме само 23. Доволно за убедливи и недостижни (59:35).
Михаела Алексовска постигна 15 и Мартина Маркоска која реализираше 10. поени, беа единствените во нашата женска јуниорска селекција со двоцифрен број на реализации на простувањето со настапите на ЕП од Дивизијата „Б“ кое го завршуваме на 18.позиција во конечниот редослед.