08.07.2022

Во првиот круг од натпреварите нè чекаат мечеви со Црна Гора, Хрватска, Романија и Косово

ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ – СКОПЈЕ 2022: Девојките се дел од балканското друштво, можат ли до четвртфиналето?

Во сабота, и официјално стартува Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 20“ години каде во улога на организатор уште еднаш е нашата федерација.

Вкупно 18. селекции, во девет натпреварувачки дена (9-17. јули), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, а најдобрите три да обезбедат промоција во „А“ сегментот од оваа младинска женска конкуренција.  

МАКЕДОНИЈА

Нашите девојки се дел од групата „Ц“ во која се уште и националните тимови на Хрватска, Црна Гора, Косово и Романија.

Натпреварите на ова првенство нашиот женски младински состав (кошаркарки родени 2002 година и помлади) ќе ги играат во салата на СРЦ „Кале“.

Сите четири средби според распоредот, ќе ги играме од 18.45 часот.

Стартуваме во сабота, а прв противник на првенството ќе ни биде една соседска селекција – Косово. На 10. јули следува пауза за нашата селекција, а веќе на 11. јули, ќе ги одмериме силите со репрезентацијата на Хрватска. Ден подоцна играме против Црна Гора, а првата фаза ќе за затвориме со меч против селекцијата на Романија.

Во периодот на подготовките нашата женска младинска репрезентација одигра четири контролни натпревари. Две со селекцијата на Црна Гора на гостински терен во Подгорица, и уште две против Швајцарија на домашен паркет.

Според изгледот на другите групи, се чини дека нашата, која е практично „балканска“, е една од најтешките кои обезбедуваат премин во четвртфиналето.

Кои се очекувањата на нашиот стручен тим предводен од селекторот Јелена Антиќ: 

„После долго време, повторно се наоѓаме на Европско првенство и сите сме возбудени и нестрпливи околу почетокот. Нè очекува доста напорно темпо, и натпревари со силни противници. Се фокусираме на она што прво доаѓа на ред, што се вели, ќе одиме од натпревар по натпревар. Имавме релативно краток подготвителен период. Одигравме неколку пријателски натпревари на кои ги воочивме недостатоците. Во изминатиот период пробавме да корегираме колку-толку, истото се однесува и за временскиот период кој ни преостана до првиот натпревар“.

Некогашниот предводник на нашиот сениорски тим на теренеот, сега на клупата на младинската репрезентација, смета дека девојките с еподготвени во оние обиди да се биде подобар од првиот противник на првенството - Косово.

„Сметам дека девојките се подготвени и дека на натпреварот против Косово ќе го дадат својот максимум за да дојдеме до победа. Ние сме домаќини и сакаме да се покажеме во најдобро светло на овој шампионат“ – дополнува Антиќ.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

На Европскиот шампионат во Скопје (9-17.јули), ќе учествуваат вкупно 18. национални селекции. Ќе бидат поделени во четири групи (две со четири и две со пет селекции-учесници).

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналната фаза. Екипите кои ќе завршат од третото од петтото (четвртото) место, ќе се борат за пласман од 9-18. место. Ќе бидат поделени во две групи (со пренесени резултати од првата групна фаза од натпреварувањето).

Победниците од четвртфиналните пресметки, обезбедуваат пласман во полуфиналето, кое се игра на 16. јули, а финалето и натпреварот за третото место се играат во недела, за кога е предвидено и свеченото затворање на шампионатот.

Трите најдобри селекции од ЕП од Дивизијата „Б“ ќе бидат промовирани во Дивизијата „А“ за наредниот шампионат, во 2023 година.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Швајцарија, Грција, Турција, Украина, Албанија

ГРУПА Б: Ерменија, Германија, Израел Грузија

ГРУПА Ц: Црна Гора, Косово, Хрватска, Романија, МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Д:  Норвешка, Словачка, Исланд, Словенија

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 

ГРУПА Ц

9. ЈУЛИ (САБОТА):

14.15: Романија – Хрватска (СРЦ Кале)

18.45: Косово – МАКЕДОНИЈА (СРЦ Кале)

Црна Гора – слободна

10. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

18.45: Црна Гора – Романија (СРЦ Кале)

18.45: Хрватска – Косово (СЦ Борис Трајковски)

МАКЕДОНИЈА – слободна

11. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

14.15: Косово – Црна Гора (СРЦ Кале)

18.45: МАКЕДОНИЈА – Хрватска (СРЦ Кале)

Романија – слободна

12. ЈУЛИ (ВТОРНИК)

18.45: Црна Гора – МАКЕДОНИЈА (СРЦ Кале)

21.00: Романија – Косово (СЦ Борис Трајковски)

Хрватска – слободна

13. ЈУЛИ (СРЕДА)

18.45: МАКЕДОНИЈА – Романија (СРЦ Кале)

21.00: Хрватска – Црна Гора (СЦ Борис Трајковски)

Косово – слободна

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

9. ЈУЛИ (САБОТА):

14.15: Грција – Албанија (СЦ Борис Трајковски)

14.15. Романија – Хрватска (СРЦ Кале)

16.30: Украина – Турција (СЦ Борис Трајковски)

16.30: Норвешка – Словенија (СРЦ Кале)

18.45: Ерменија – Грузија (СЦ Борис Трајковски)

18.45: Косово – МАКЕДОНИЈА (СРЦ Кале)

21.00: Германија – Израел (СЦ Борис Трајковски)

21.00: Словачка – Исланд (СРЦ Кале)

 

ЖЕНСКА СЕЛЕКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПОД 20“ НА ЕП ОД ДИВИЗИЈА „Б“ ВО СКОПЈЕ

4.Сара Максимовска       бек     178см.

5.Матеа Николиќ силно крило           190см.

6.Елена Тасевска  ниско крило           185см.

7.Марија Димитријевиќ бек     170см.

8.Камелија Игњатова     бек-шутер   174см.

9.Моника Зафировска    бек-шутер   180см

10.Ана Цветковска           крило 180см.

11.Илина Селцова            бек     175см.

12.Наталија Секуловска ниско крило           185см.

13.Рина Салиу       силно крило           182см.

14.Матеа Атанасовска    ниско крило           190см.

15.Теона Поп Стојанова бек-шутер   187см.

Селектор: Јелена Антиќ

Асистент-тренер: Рафаела Султани

Асистент-тренер: Благоја Трифуновски