Женската кадетска репрезентација на Македонија со пораз од Грција ги стартуваше натпреварите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години.
ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 76:47
Максимално изедначен старт имаа нашите кадетки во дуелот со фаворизираниот противник. Во воведната четвртина, селекцијата на Грција имаше минимална предност (19:17), но во втората, се стекна со двоцифрена позитива. На одморот резултатот гласеше (41:27).
Слично се играше и по паузата од 15.минути.
Поквалитетниот ривал ја „качуваше“ својата и онака висока предност, по три одиграни четврини грчките кадетки имаа недостижно водство (60:37).

Јана Пислевска со десет реализирани поени беше и единствената во нашата селекција која стигна до двоцифрен број на реализации. Начевска даде девет, а Милосављевиќ еден поен помалку во нашиот тим, кој утре ќе биде слободен.
А на 22. август, од 12.часот, Македонија ќе игра против уште една соседска селекција, онаа на Бугарија.