22.08.2025

22.08.2025

ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ КОШАРКАРКИ „ПОД 16“ - ИСТАНБУЛ: Кадетките поразени од Бугарија

Женската кадетска репрезентација го запиша вториот пораз во рамки на групната фаза од Европското првенство за кошаркарки до 16 години Дивизија Б, овојпат од соодветната селекција на Бугарија.

Соседскиот состав славеше со конечни 62-80 односно 14-18, 15-22, 18-19 и 15-21 по делници.

Нашите кошаркарки самоуверено го отворија резултатот, по што следеше шутерска криза. Противникот го искористи тоа за да изедначи, а потоа и да поведе. На полувреме се замина со двоцифрена негатива (29-40) која противникот успеа да ја задржи до истекот на 40. минута, до конечни 62-80.

Следи ден пауза, па натпревар против Литванија.

Стрелци на натпреварот:
Груевска (18), Колева (15), Пислевска (10), Милосављевиќ (8), Зиба (8), Трајковска (2), Карајованова (1).

Статистика од натпреварот