Националната селекција на Литванија и го нанесе третиот пораз на нашата кадетска репрезентација во рмаки на третиот натпревар кој избраничките на Оливер Стојмановиќ го играа на Европското првенство за кошаркарки до 16 години, дивизија Б.
Третиот натпреварувачки ден на нашите кадетки им донесе висок пораз, од 89-43 односно 21-2, 31-12, 20-18 и 17-11 по делници.
Последниот натпревар од групната фаза, кошаркарките го играат утре (понеделник, 25. август) против селекцијата на Украина.
Стрелци, Македонија
Пислевска (11), Трајковска (8), Милосављевиќ (7), Димитријевиќ (5), Начевска (4), Груевска (2), Колева (2), Зиба (2), Карајованова (2)
Статистика Литванија - Македонија
