Женската кадетска селекција на Македонија загуби од Ирска во последниот натпревар на Европското првенство за кошаркарки „Под 16“ години во Истанбул, и го освои 18. место во конечниот поредок.
МАКЕДОНИЈА - ИРСКА 53:63
Доста изедначен почеток на натпреварот кој носеше одлука која од овие две репрезентации ќе биде подобро пласираната на првенството во Истанбул. Десет минути во кои нашиот кадетски тим постигна десет поени, односно два повеќе во однос на противничкиот.
Во продолжението, половина период од втората четвртина нашите кадетки беа беа реализација од поле. Минутите без поени од игра, со тројка (прва за нашиот тим од 13. обиди), ги прекина Трајковска, која ја спречи серијата на Ирска од (12-0), за да намалиме на (14:22).
Но не и нешто преку тоа, затоа што противничката селекција направи уште поголема предност, до крајот на првото полувреме Ирска имаше плус 13 (29:16).
Период од играта во кој нашите млади кошарарки загубија дури 19.топки, што е една од основните причини за големата негатива во која влегоа, особено тоа се однесува за втората четвртина која ирската репрезентација ја доби со големи (21-6).
Доста поефикасно продолжија нашите девојки во второто полувреме. На средина од третиот период, ја преполовија негативата (31:37). А по поентирањето на Колева, се дојдовме и на само два поени заостанување (39:41).
Но во оние две минути, последни од третата четвртина, Ирска одново се одвои, сега на (46:40).
Продолжи серијата на поентирање на Ирска и на почетокот на последната четвртина. Серијата од шест поени ги донесе на двоцифрен вишок (52:40), момент од 34.минута, и го натера селекторот Стојмановиќ да повика тајм-аут.
Не донесе некои нови, добри моменти за нашата селекција затоа што Ирска го одржуваше тоа двоцифрено водство, кое им ја донесе и првата победа на првенството.
На овој последен натпревар на шампионатот во Турција, Колева заврши со 14. реализации (шест освоени топки, и по четири скока и четири асистенции), Трајковска реализираше 13.поени (имаше и десет скока и две асистенции), а блиску до двоен ефект беше Милосављевиќ која освен 7. поени додаде и 11.скока.