16.08.2025

Во последниот натпревар на првенството, нашата кадетска селекција загуби од Велика британија (76:88)

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 16“ МАЖИ – СКОПЈЕ: Македонија заврши на 16.место

Кадетската репрезентација на македонија го заврши Европското првенство од Дивизијата „Б“ на 16. место откако во последниот меч беше поразена од репрезентацијата на Велика британија.

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 76:88

Британците имаа доста подобар почеток, во кој всушност и ја направија онаа клучна предност. Во првите десет минути гостите стекнаа плус од 10. поени (26:16), кој до полувремето го зголемија, и на одмор заминаа со повисоки (47:33).

Второто полувреме нашата кадетска селекција го одигра доста подобро, но тоа не беше доволно за некој посериозен резултатски пресврт. Ги добивме и двете четвртини, но со минимална позитива (26:25), и (17:16), недоволно за нешто повеќе на простувањето со настапите на шампионатот во Скопје кој го завршуваме на 16.позиција во крајниот поредок.

На овој натпревар, Шабани дојде до ефект од 23.поени (и 4.скока), двоен број на поени имаа уште Илиев, кој постигна 14 (и шест скока), како и Беговски, кој имаше и дабл-дабл, изразен со по 11 поени и исто толкав број на скокови.