15.08.2025

Селекцијата на Бугарија славеше со (70:65), по што македонските кадети ќе играат за пласман на 15. место

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 16“ МАЖИ – СКОПЈЕ: Македонските кадети загубија уште еден натпревар

Во натпревар за пласман од 13. до 16. место на Европското првенство од дивизјата „Б“ во Скопје, кадетската репрезентација на Македонија загуби во дуелот со Бугарија.

МАКЕДОНИЈА - БУГАРИЈА    65:70

Нашите кадети беа за нијанса подобар ривал во првите десет минути, имаа и минимално водство од (16:14).

Само за момент гостите од Истокот го преземаа водството на нивна страна, на почетокот на втората четвртина, поведоа со (20:18). Брзо се вративме, со серија од шест поени, за наша предност (24:20). А одличен во тој воведен дел од мечот, особено во фазата на нападот, беше Илиев, кој реализираше 14.поени.

Но следуваше нова серија на противникот, и нова промена на водството (31:28), во 16.минута од играта, доволно за тајм- аут кој го повика нашиот стручен штаб предводен од селекторот Нермин Пепиќ.

Селекцијата на Бугарија беше подобар ривал во третатаа четвртина, ја доби со резултат (23:18), доволно да ја зголеми својата предност (57:50).

Во последните десет минути, нашите кадети се обидуваа да ја анулираат таа негатива, но нивните обиди се покажаа како недоволни за конечен успех.

Илиев застана на бројката од 18.поени, а во второто полувреме, офанзивно добар беше и Чучанов, кој дојде до 15. реализации

 

На последниот ден од евро-шампионатот во Скопје, селекцијата на Македонија за кошаркари под 16 години, ќе игра за 15. место во конечниот поредок.