09.08.2025

Доста подобри беа кадетите на Полска кои славеа убедливи (93:66)

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 16“ МАЖИ – СКОПЈЕ: Трет пораз во серија за кадетите

Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби и по трет пат на шампионатот во Скопје, и остана без шанси за место во следната фаза - ТОП 8.

ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА 93:66

Одличниот почеток на Полска, ги одреди понатамошните работи на овој натпревар. Гостите направија големи (35:11), по десет минути игра, и завршија најголем дел од задачите на патот кон успехот.

Соочени ссо ран резултатски дефицитит, напите кадети се обидоа да ја сведат големата негатива на пониска Дури и јаа добија втората четвртина. Но по одморот Полска одново воспостави доминација и ја направи разликата недостижна.

Сотир реализираше 12.поени, Солев и Шабани имаа уште по десет во нашиот тим „Под 16“ години, пред кого се уште два натпревари за „поправка на впечатокот“.

По ден пауза, на 11. август, Македонија ќе игра против Босна и Херцеговина.