14.08.2025

По поразот (79:84) од Скандинавците нашите надежи ќе разигруваат за пласман од 13. до 16. место

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 16“ МАЖИ – СКОПЈЕ:Кадетите се вратија од - 17, но не ја совладаа Шведска

Кадетската репрезентација на Македонија ќе се бори за пласман од 13. до 16. место на Европското првенство Б-дивизија во Скопје откако денеска загуби од Шведска во првиот меч од нокаут фазата.

ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА 84:79

Со тоа и оваа репрезентација, како и претходните три кои настапија досега, испуштија можност да завршат меѓу најдобрите 10 на шампионатот на кој учествуваат.

Шведска сосема заслужено стигна до триумфот, водеше безмалку цел натпревар, а македонската репрезентација дури во финишот внесе драматика и дури се закани со пресврт.

Гостите уште во првата четвртина имаа двоцифрена предност (20:8). Во вториот период водеа со повисоки (36:21), а највисоката предност ја имаа во третиот дел кога поведоа со (67:49).

Кадетите на Македонија се разиграа дури во финишот...

По минусот од 15.ппени (62:77), нашите кошаркари направија серија од (15-2) и се доближија на само два поена негатива (77:79) на нешто помалку од две минути пред крајот.

За жал, тоа беше се, македонската репрезентација потоа не реализираше два наапад, Шведска постигна три слободни фрлања по ред и отиде на 82:77 кога останаа само 26 секунди, и немаше време за целосен пресврт.

Теон Бошковски го одигра својот најдобар натпревар на првенството, постигна 27 поени, дополнети со девет скока, а се истакна и Дион Шабани со 21 поен, седум скока и шест асистенции. Додека Ѓиноски заврши со 14.реализации.