Втор пораз за македонската кадетска репрезентација на ЕП од Фивизијата „Б“ во Скопје. Во неизвесен финиш подобра од нашата, беше репрезентацијата на Ирска.
МАКЕДОНИЈА – ИРСКА 67:70
Уште еднаш, втора вечер по ред, кобна за нашите кадети беше последната четвртина. Онаа во која им дадовме на борбените Ирци да дадат дури 27.поени, од друга страна, избраниците на селекторот Нермин Пепиќ дадоа само 11, и на крајот мораше да се помират со уште еден пораз со кој ги сведоа на теорија шансите за пласман во ТОП 8 фазата.
Одиграа нашите млади кошаркари добри три четвртини, во кои имаа постојана предност, но уште еднаш застанаа во последните десет, кои најчесто се и решавачки за конечниот исход.
Крајно неповолен за Македонија, која во третото коло, утре вечер, ито така од 18.30 часот, ќе игра против селекцијата на Полска.
На овој натпревар, капитенот Ѓиноски уфрли 19.поени, Сотир имаше 16, Чучанов 11, а Рајковски заврши со десет реализации.