05.07.2025

Нашите јуниорки не беа вистински конкурент на германскиот национален тим „Под 18“, кој славеше убедлива победа (85:37)

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 18“-ЖЕНИ: Фаворитот Германија едно ниво повисоко од Македонија

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години кое се игра во Литванија.

Многу подобар, и пред се физички посилен противник, денеска, беше селекцијата на Германија. Апсолутниот фаворит дојде до убедлив триумф со кој и практично ја најави и кандидатурата за местата кои водат во „А“ дивизијата.  

МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА     37:85

Комплетна доминација на Германките во првото полувреме. Вистинска физичка инфериорност на нашиот тим во однос на германскиот кој резултираше со убедливо водство на противникот.

На истекот на првиот период, Германија водеше со колку-толку прифатливи, за нашиот тим, (17:8), но работите отидоа во сосема друга насока за нашата селекција во текот на вториот.

Недостатокот на висина, на „физикус“, но и други елементи од кошаркарската игра, беша „присутен“ и особено видлив во вторите десет минути во кои Германките се одвоија на уште повисоки, и недостижни (43:18).

Начевска реализираше половина од тие поени, Трајковска ја следеше ссо пет, Николиќ даде уште три поени во тие 20.минути.

Со само една расположена, пред се за поентирање, кошаркарка, како Ања Начевска, практично и не можевме и нешто повеќе на овој натпревар во кој фаворитот стигна и до уште поубедлава позитива. По три одиграни четврини Германките изградија водство и од (67:30), Начевска реализираше 10, од нашите 12. поени во тој период од играта, за вкупно 19.реализации (и осум скока). .

Начевска заврши со дабл-дабл ефект, односно 21.поен и 10. скока. Освен петте поени, Трајковски додаде и девет скока, по поени за нашата селекција „Под 18“ реализираа Колева, Николиќ и Алексова, Пислевска даде два...

Во третиот круг од натпреварите во групата „А“, во недела, од 19.30 часот, нашата женска јуниорска селекција ќе ги одмери силите со Шведска.

Денеска, претходно, селекцијата на Романија ја оствари и втората победа на првенството, откако беше подобра од репрезентацијата на Ирска (78:66). За максимален ефект, две победи во два одиграни натпревари во групата „А“.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ – ВТОРО КОЛО

Ирска – Романија 66:78

МАКЕДОНИЈА – Германија        37:85

Шведска – слободна

ИДНО КОЛО - 6. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

12.00: Германија – Ирска

19.30: Шведска – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PPcpuZRnUz4?si=4A8Q55yzqbS_vSJA

Романија – слободна