Една лошо одиграна четвртина, втората, беше доволна за нашата женска јуниорска селекција забележи пораз во дуелот со репрезентација на Ирска, во последното четвртто коло од групата „А“ од Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години, каде денеска се затвора првата фаза.
МАКЕДОНИЈА – ИРСКА 56:89
Одлично почнаа нашите млади кошаркарки во дуелот со јуниорките на Ирска. Поведоа избраничките на селекторот Виктор Петровски со (14:9), но слично како и на мечот со Романија, подзастанаа.
Му дозволија на ривалот со серија од девет поени, да го сврти резултатот во своја корист (18:14). Но подобро го затворивме тој прв период, во кој преку расположената Колева, го имавме водството (19:18).

Водевме и со (21:18) по поентирањето на Трајковска, по 12.минути од средбата во Алитус. Но тоа беше, за жал и нашето последно водство на натпреварот.
Девојките од Ирска направија неверојатни (26-6) во втората четвртина во која и дефинитивно ја преземаа контролата како на играта, така и на резултатот. На полувремето противникот водеше со високи (44:25).
На почетокот на второто, многу подобро одигравме во оној офанзивен сегмент, но тоа беше недоволно за Македонија да се врати назад во натпреварот. Противникот го доби и тој период, макар и со нешто пониски (26:20) во однос на претходниот, и водеше со (71:45).
Колева продолжи со поентирањето, брзо стигна и до 24. поени (имаше и шест скока) по три одиграни четвртини, а „двоцифрена“ со десет реализации беше и Начевска (имаше и осум скока).
По четирите неуспешни настапи во првата фаза, нашиот женски јуниорски национален тим, по ден пауза, ќе го продолжи натпреварувањето, за пласман од 17.до 21.место во финалната класификација.
ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Ирска 56:89
14.30: Шведска - Романија
Германија - слободна
ТАБЕЛА
1.Германија 4 4 0 272:177 8
2.Романија (-1) 3 2 1 211:166 5
3.Шведска (-1) 3 2 1 211:170 5
4.Ирска 4 1 3 205:213 5
5.МАКЕДОНИЈА 4 0 4 138:261 4