Во натпреварот за пласман од 17. до 21.позиција на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години, во Литванија, репрезентацијата на Македонија, стигна до првата победа. Со одлично одиграна, последна четвртина, тимот на селекторот Виктор Петровски ја совлада Австрија.
МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА 78:70
Доста изедначен беше дуелот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Австрија во натпреварот за пласман од 17. до 21. место на првенството во Литванија.
Нашата селекција имаше водство во првата четвртина, но Австрија ја доби втората и на полувреме имаше еден поен „вишок“ (43:44).
За разлика од претходните натпревари, на овој доста поефикасна беше играта на нашата селекција „Под 18“, реализиравме 43.поени, од кои Трајковска постигна 13, а Начевска уште 12. поени (плус и шест скока).

Нерешено беше и во продолжението од натпреварот, односно во третиот дел од играта, по кој, Австрија беше селекцијата која имаше предност, минимална (59:57).
А потоа уследи и најдобрата четвртина на нашите млади кошаркарки. Во онаа последната, успеавме да направиме десет поени „вишок“ (21-11), доволни за прва радост на шампионатот во Литванија.

Своите одлични настапи на ЕП ги продолжи Ања Начевска, која финишираше со нов двоен ефект, изразен со реализација на 23.поени и 17.скока (индекс 36), но за разлика од претходните мечеви, имавме уште три кошаркарки кои завршија со двоцифрен број на реализации.
Трајковска имаше 15.поени и по три скока и исто толку асистенции), Колева и Пислевска додадоа по 14, Џангаровска имаше уште шест.