Јуниорската селекција на Македонија го запиша и третиот негативен резултат на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години.
Во третото коло од групата „А“, подобри од нашите, беа јуниорките на Шведска, по што нашата јуниорска репрезентација и теоретски, ги загуби шансите за пласман во ТОП 8 фазата од шампионатот во Литванија.
ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА 81:41
Солидна прва четвртина одиграа нашите јуниорки на дуелот со Шведска. Макар што екипата од Скандинавија се стекна со водство, и не така високо (16:11) какво што беше по поентирањето на Колева.

Но со серија од шест поени, Шведска се стекна и со двоцифрена предност (22:11), на почетокот на вториот период од играта во кој за нашата селекција тим поентираа само три кошаркарки (Начевска 9, Пислевска 4 и Колева 2.поени).
За жал, не ја сопревме серијата на противникот во таа воведна фаза од втората четвртина, Шведска имаше двојно поголеми (26:13), по нецели пет минути од тој дел од натпреварот.
До истекот на првото полувреме, предноста на противникот беше и недостижна. Шведска однесе плус од 24 поени (39:15) на одморот!

Младите македонски кошаркарки одиграа егал во третиот период, кој противникот го доби со минимални (15:14), што, извесно, не беше доволно да ја намалат високата негатива пред влезот во последната четвртина. Но се ослободија од оној притисок, особено во фазата на нападот, што беше проблематична во првото полувреме.
Но не и нешто повеќе од тоа, Шведска ја потврди фаворитската улога, рутинерски ги реализираа последните десет минути, за убедлив триумф, прв за нив на првенството во Литванија.
Уште еднаш, Ања Начевска, заврши со двоен ефект, затоа што освен 17.поени додаде и 11.скока, Пислевска девет (и четири скока), исто толку даде и Колева, Мариновска и Џангаровска по два, а Тасовски и Трајковска по еден.

Пред нашиот женски јуниорски состав се два дена за одмор кои ги „диктира“ распоредот на натпреварите во групата „А“. А во среда следува дуелот против репрезентацијата на Ирска, стартува во еден ран термин, од 12.часот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Германија – Ирска 79:50
Шведска – МАКЕДОНИЈА 81:41
Романија – слободна
ТАБЕЛА
1.Германија 3 3 0 213:131 6
2.Романија 2 2 0 165:111 4
3.Шведска 2 1 1 125:90 3
4.МАКЕДОНИЈА 3 0 3 123:253 3
5.Ирска 2 0 2 116:157 2
ИДНО КОЛО
7. ЈУЛИ – СЛОБОДЕН ДЕН
8. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
17.00: Ирска – Шведска
19.00: Романија – Германија
МАКЕДОНИЈА – слободна