11.07.2025

Нашите младинци имаа предност по 20.минути од играта, но во последните десет дозволија комплетен резултатски пресврт и пораз (58:78)

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 20“- МАЖИ: Едно добро полувреме недоволно да се победи Холандија

Машката селекција на Македонија „Под 20“ со пораз ги отвори настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое денеска почна во Ерменија.

Подобра од нашата селекција, беше онаа на Холандија, која имаше одлична завршница, односно десет последни минути во кои ги поништија сите добри минути кои претходно ги имаше тимот кој го предводи селекторот Горан Самарџиев.

МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА     58:78

Холандија го направи почетното водство од (8:3), потоа имаше и (15:10), но нашите млади кошаркари брзо се вратија, со серијата (8-2), го превземавме водството (18:17), кое го имавме и на истекот на десет минути од играта, (20:19).

Но имаа нашите кошаркари сериозен проблем - реализацијата на слободните фрлања. Само во првата четвртина имаа (2/9) од таа позиција, што се „почувствува“ и во резултатот.

Добрата игра во нападот, резултираше и со поголема предност за нашата млада репрезентација (31:24), на средина од втората четвртина. Период од играта во кој двоецот Луканоски-Ќириловски реализираше по девет поени (вкупно 18). Но тука некаде застанавме со реализацијата, што селекцијата на Холандија го искористи тоа и стигна до нерешен скор (31:31), по 18.минути игра.

Во последните две сепак дојдовме до ново водство, од три поени (34:31) откако положи Стојковиќ.

Второто полувреме, за жал, го одигравме сосема поразлично, особено последните десет минути, кои се покажаа како решавачки за конечниот епилог.

Оние во кои му дозволивме на противникот да направи, парцијално гледано, (17-4) и да се одвои на недостижни (67:52), и да дојде од првиот триумф на првенството во Ерменија.

На премиерниот натпревар на шампионатот, Ќириловски беше најефикасниот играч во нашиот тим, реализираше 14.поени, имаше и пет асистенции и четири скока, Луканоски заврши со 13.поени, плус седум скока и две додавања, додека Стојковиќ беше блиску до двоен ефект, на девет поени додаде уште десет скока.   

Во второто коло од групата „А“, нашата селекција „Под 20“, утре, од 19.часот, ќе игра против Австрија.

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПРВО КОЛО

ГРУПА Ц

Данска – Швајцарија       81:86

МАКЕДОНИЈА – Холандија        78:58

15.30: Грузија – Австрија

ИДНО КОЛО - 12.ЈУЛИ (САБОТА)

10.30: Швајцарија – Грузија

15.30: Холандија – Данска

19.00: Австрија – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sRJKefifR90?si=YQOiS0Xq8FcKYuDa