Второ коло и втор пораз за машката младинска селекција на Македонија на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Ерменија.
Во вториот круг од натпреварите во групата „Ц“ на шампионатот, подобри од нашите беа младинците на Австрија.
По добриот почеток и водство во првиот период, нашите млади кошаркари покажааа доста слабости, особено „видливи“ во третиот и решавачки дел од натпреварот во Ереван во кој Австрија ја направи и клучната разлика и победи по втор пат во рок од два дена.
АВСТРИЈА - МАКЕДОНИЈА 79:58
По сосема коректно одиграната прва четвртина која ја завршивме со наше водство, макар и минимално (13:12), потполно застана, особено во фазата на нападот, нашата младинска репрезентација во оној втор период од играта.
Едноставно тешко реализираа нашите млади кошаркари. Дадоа само осум поени за десет минути од играта. На другата страна, Австријците дадоа десет повеќе од нас, доволно за сосема солидно водство (30:21), кое го имаа на полувремето.
Дел од играта во кој капитенот Луканоски реализираше 12. од вкупно 21. поен за младата репрезентација на Македонија.

На почетокот на второто полувреме, заигравме со поголем ангажман во тој офанзивен сегмент. Со седум поени во серија на Стојковиќ (вкупно 10), ја сведовме негативата на едноцифрена, во 27.минута заостанувавме шест поени (40:46).
Не не направивме и нешто повеќе од тоа, и покрај големата желба нашите младинци не го донесоа мечот кон егал. Напротив, со пет поени по ред, Австрија одново се одвои на двоцифрена позитива (51:40). Подобро кажано тоа беше вовед во нивна серија од (12-0) со којаа дојдоа на огромни (58:40).
Максимално инфериорна беше нашата селекција „Под 20“, особено во скок-играта. Му дозволивме на австрискиот тим да оствари дури 23. скока повеќе во тие три одиграни четвртини (50 спрема 27), што заедно со лошиот процент на реализација, посебно за три поени, беше јасен показател каде се слабостите во играта на Македонија на оваа средба.
Последниот период го дочекавме со идентичен минус, (42:60).
Во последните десет минути, без сериозни промени во играта. Австрија знаеше да ја одбрани високата предност, и стигна до триумфот.

Стојковиќ беше прв поентер во нашиот тим, реализираше 15.поени на кои додаде и 12.скока, Луканоски застана на 14. реализации, имаше и девет скока, Ќириловски уфрли 11. поени, Иванов даде седум, а Стојанов уште шест поени.
Третиот меч за нашата младинска селекција следува во недела на пладне, од 14.часот, во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Грузија.
ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 20“- МАЖИ - ЕРЕВАН
РЕЗУЛТАТИ - ВТОРО КОЛО
ГРУПА Ц
Швајцарија – Грузија 81:96
Холандија – Данска 82:83
Австрија – МАКЕДОНИЈА 79:58
ТАБЕЛА
1.Австрија 2 2 0 168:136 4
2.Швајцарија 2 1 1 167:177 3
3.Данска 2 1 1 164:168 3
4.Грузија 2 1 1 174:170 3
5.МАКЕДОНИЈА 2 0 2 116:157 2
ИДНО КОЛО - 13.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
14.00: МАКЕДОНИЈА – Грузија
16.30: Холандија – Швајцарија
19.00: Данска - Австрија