По еден ден пауза продолжија возбудувањата на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван, вклучително и 4. коло од групата „Ц“ во кое нашата младинска репрезентација за противник ја имаше селекцијата на Швајцарија.
Изгледот на табелата по три одиграни кола кажа дека ова е еден од клучните, и веројатно најважен наатпревар за Македонија во првата фаза од шампионатот.
И кога бевме пред знакот „морање“, победивме, макар и минимално, за скор (2-2) по четири одиграни натпревари, и голема шанса за пласман во ТОП 8 фазата.
ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 81:82
Серијата од (10-0) која ја реализирвме во рок од две минути, ја донесе нашата млада селекција до првата посериозна предност. Поведовме со (17:9), но тука и не застанавме, на почетокот на осмата минута, Македонија поведе и со највисоки (23:11).
И ако на почетокот во прва поентерска линија беа Стојковиќ и Иванов, откако влезе во игра, дополнителна енергија, но и реализации донесе Кечовски. Биеше нашиот бек скоро беспрекорна од зад линијата од 6.75 метри. Ги погоди првите три обиди вредни по три поени.
На истекот на првата четвртина, Македонија водеше со високи (28:19), а Иванов стигна до бројката од десет реализации.

Иако тешко стигнавме до тоа водство, се чини многу брзо „потрошивме“ дел од таа солидна позитива. Швајцарија направи серија од (14-3), со која сериозно се доближи. Во неполни три минути, проотивникот намали на само два поени негатива (33:31).
Но токму шутерското издание на Кечовски беше и главната причина што не им дозволивме на Швајцарците да го преземат тоа тешко стечено водство.
Имавме минимално (46:45), на полувремето, период во кој Кечовски имаше максимални „пет одд пет““ во обидите за три поени и 15.поени, Иванов дојде до 12.

Не бевме добри во третиот период од играта, Швајцарците одигра адоста поефикасно, успеаја да направат пресврт, и тоа сериозен. Нашите ривали реализираа дури 27.поени, крајот го дочекаа со позитива од осум поени (72:64).
Но, зборот предавање кај нашите младинци не постои...
Се покажа тоа како точна констатација во четвртината на одлука, која дефинитивно, се претвори во драматична.
По двете тројки, прво од Младеновски, потоа и на Ќириловски, Македонија израмни (77:77), но до крајот останаа долги 4:48 минути.
Во нив прво ја вративме прендоста, поведовме со (81:78), н со неколкуте нереализирани слободни фрлања, ситуацијата ја направивме комплицирана. Швајцарија дојде до егал (81:81), имаа шанса и да поведат. Но, откако Кечовски беше половичен од линијата за слободни фрлања, за минимални (82:81), на 3.9 секунди пред крајот, судиите видоа прекршок од страна на Иванов над Роман. Но не ги реализираше двете слободни фрлања. Иванов имаше шанса, од истата позиција, но биеше со идентичен ефект, но победнички крај за Македонија.

И втора победа по ред, која ни ги „отвора“ шансите за место во четвртфиналето, во која имавме петмина двоцифрени кошаркари.
Ќе остане запаметена шутерската партија на Кечовски, неговите пет тројки (од седум обиди) и 16.поени (плус 4.скока), но и ефектот на Стојковиќ од 16.поени и 5. асистенции и 4.скока, оној на Иванов од 14.поени и 5.скока, на Ќириловски од 12.поени, и на Луканоски, кој заврши со 11. поени и 6.скока.
Но и придонесот на сите во нашиот национален тим „Под 20“ години.
Наредниот меч за нашата младинска селекција следува на 16.јули (среда), од 16.30 часот, во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Данска.
ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 20“- МАЖИ - ЕРЕВАН
РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО
ГРУПА Ц
Швајцарија – МАКЕДОНИЈА 81:82
14.00: Австрија – Холандија
16.30: Грузија - Данска
ТАБЕЛА
1.Австрија 3 3 0 258:219 6
2.МАКЕДОНИЈА 4 2 2 290:322 6
2.Швајцарија 4 2 2 324:323 6
3.Холандија 3 1 2 224:217 4
5.Данска 3 1 2 247:258 4
6.Грузија 3 1 2 258:262 4
ИДНО КОЛО - 16.ЈУЛИ (СРЕДА)
15.30: Австрија – Швајцарија
16.30: Данска – МАКЕДОНИЈА
19.00: Холандија - Грузија