Машката селекција на Македонија за играчи „Под 20“ години, ги продолжи, успешно, натпреварите на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван.
Во натпреварот од групата за пласман од 17. до 21.место во финалното рангирање, нашите млади кошаркари беа подобри од селекцијата на Албанија, макар што до победата дојдоа со одлично одиграната трета четвртина, во која го „скршија“ отпорот на противникот.
АЛБАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 74:84
По поените на Луканоски, во седмата минута поведовме со (15:12). Но тоа беше и нашето последно водство се до пред крајот на вториот период.
Дел од играта во кој успеавме негативата (27:34), со серијата од (10-0) да ја претвориме во ново наше водство (37:34), откако Кечовски даде тројка, една од ретките во првото полувреме (вкупно две тимски).
Но во последните две минути, Албанија уште еднаш поведе (40:38), што беше и резултат на полувремето.

Дел од играта во кој Стојковиќ дојде до 11.реализации
Не се промени сликата на теренот ниту на почетокот на третата четвртина. Албанците поведоа со (51:44). Но до крајот на тој дел од играта, потополна доминација на Македонија. Нашите млади кошаркари одново ја вратија предноста на својата страна, но сега беше двоцифрена. Водевме, (68:58) на влезот на последната четвртина.
Онаа во која успеавме да го одршиме тој резултат, да ги „смириме“ Албанците и да стигнеме до уште една победа на првенството. Трета, по која на момците кои ги предводи селекторот Горан Самарциев, им преостанува уште еден меч.
По овој резултат, нашата младинска репрезентација утре, рано изутрина, од девет часот, ќе игра против селекцијата на Словачка, за пласман на 17.позиција на шампионатот во Ерменија.
Иванов имаше, поентерски, одлично второ полувреме, и го затвори натпреварот со 21.поен, плус и пет скока, и две додавања. Стојковќ застана на 15.поени (и по три скока и асистенции). Кечовски додаде 12. поени (четири скока и две додавања), Ќириловски имаше уште 10 (и по четири скока и асистенции).