16.07.2025

Во последниот меч од групната фаза, Данска беше подобра од Македонија (89:85), па нашите младинци ќе се борат за утешен пласман

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 20“- МАЖИ: Македонија остана без четвртфинале

Во последниот меч од првата, групна фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Ереван, машката младинска репрезентација на Македонија загуби од Данска, и не успеа да се пласира во ТОП 8 фазата, преку која се стигнува до местата кои водат во „А“ дивизијата.

ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА            89:85

Максимално изедначена прва, но и втора четвртина во дуелот кој одлучуваше која од двете селекции со победа ќе ги сочува шансите за премин во четвртфиналната фаза од шампионатот во Ереван.

Сепак, важноста на натпреварот не беше пречка двете селекции да одиграат доста ефикасно во првите десет минути во кои минималната предност имаше Данска (26:25).

Двата ривали разменија доста промени на водството, но сепак, ниту еден од нив не направи и некоја посериозна разлика во 20.минути од играта.  

По две „четворки“ на двете страни, стоеја на семафорот по две одиграни четвртини (44:44).

Период во кој нашиот капитен, Луканоски, освен 13.поени имаше и три скока, девет даде Иванов, еден поен помалку имаше Стојковиќ, а Ќириловски уште седум.

Нерешено, (57:57) беше и откако поентираше Ќириловски, момент од 27.минута, со што ја анулиравме предноста на противникот (52:57), која претходно беше и повисока (55:48).

Данците одново поведоа, сега со (63:59), за на крајот на тој трет период, да бидат слични, (66:63).

Се обидуваа нашите млади кошаркари да направат пресврт, но не успеаја во сите тие настојувања, со победа да го завршат првиот дел од Европското првенство во Ерменија.

По поените на Младеновски, (негов 15. на средбата), Македонија намали на само еден посед заостанување, (83:85), кога останаа 47.секунди до крајот на играта. Младеновски ги реализираше и двете слободни фрлања, кога го остави нашиот тим во игра за победа (85:87), иако останаа само 23. секунди за играње.

Нилсен беше половичен од линијата за слободни фрлања (88:85), а токму Младеновски, на пет секунди до крајот не погоди за изедначување, и натпреварот да „оди“ во продолжение од пет минути.

Нашиот бек застана на бројката од 17.поени (плус 5.асистенции и 4.скока), Луканоски беше најефикасниот наш играч, даде 21.поени, имаше и седум скока, додека по 11.поени запишаа Ќириловски, Иванов и Стојковиќ (додаде и 10.скока).  

Данска се покажа како доста жилав противник, максимално незгоден, на крајот и стигна до победата, за нив трета во групата „Ц“.

Македонија остана на две, и со оглед на далеку од идеалниот расплет, во последното, петто коло, во оној втор дел од шампионатот, избраниците на селекторот Горан Самарциев, помалку и незаслужено, ќе се борат за пласман од 17. до 21. место во крајниот поредок.

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 20“- МАЖИ - ЕРЕВАН

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

ГРУПА Ц

Австрија – Швајцарија    72:76

Данска – МАКЕДОНИЈА   89:85

19.00: Холандија - Грузија

ТАБЕЛА

1.Австрија    5          3          3          399:374        8

2.Швајцарија          5          3          2          400:395        8

3.Данска       5          3          2          421:417        8

4.МАКЕДОНИЈА      5          2          3          375:411        7

5.Холандија (-1) 4          2          2          303:286        6

6.Грузија (-1)       4          1          3          332:347        5