Последен натпревар за селекцијата на Македонија за играчи „Под 20“ години на Европското првенство од Дивизијата „Б“. И уште една победа, макар и минимална во дуелот со селекцијата на Словачка, четвртта за нашата младинска репрезентација во седум одиграни натпревари, и мора да се каже, неправедно 17.место во финалниот ранкинг на овој шампионат.
СЛОВАЧКА – МАКЕДОНИЈА 64:65
Сосема добро прво полувреме, особено втора четвртина имаа нашите млади кошаркарки на последниот меч на првенството во Ереван. По израмнетиот почеток, во кој двете екипи за десет минути од играта реализираа по 17.поени.
Во оние кои следуваа, пред се, добра игра во одбраната, им дадовме на противниците да реализираат само осум поени. Ние дадовме десет повеќе, па на одмор однесовме двоцифрен плус (35:25).

И наместо да продолжиме во ист ритам, младинците едноставно како да застанаа по оние 15.минути од паузата. Словачка брзо ја стопи нашата добра позитива, до крајот на третиот дел, Словачка дури и поведе, (49:48).
И не само тоа, во воведните минути од последната четвртина, Словаците изградија уште повисоки (55:48).
Сепак, на нешто повеќе од четири минути до крајот, Македонија заостануваше само „половина кош“ (54:55). Во наредната минута, Лукановски постигна три поени во една акција, а во наредниот напад, Иванов положи за промена на водството, (59:57).
Имавме и повисоки (61:57) кога Луканоски собра еден „отпадок“, за неговиот 19.поен на средбата.
Иванов имаше шанса да стави точка на мечот, кога на 15. секунди пред крјаот, при наше водство (65:62), не ги реализираше двата удари од линијата за слободни фрлања. Словаците намалија на (64:65).
На нецели пет секунди пред крајот, и Луканоски застана на „пенал-линијата“. Но ја продолжи лошата серија на изведување слободни фрлања. Не погоди ниту едно, им даде последна шанса на Словаците за победа. За наша среќа, обидот на Ковачик заврши на обрачот, не во кошот, па „извадивме“ уште една победа на шампионатот во Ереван.

Дабл-дабл ефект од 19. поени и 19. скока направи Луканоски, Иванов финишираше со 14.поени и 9. скока, плус и три асистенции, двоцифрен број на поени, 11 имаше и Зетов (плус две додавања) во новата победа за Македонија на ЕП во Ереван.
„Само“ за 17.место на првенството на кое се можеше да биде и доста поразлично, и подобро за нашата селекција „Под 20“ години која го заврши со позитивен ефект.