30.07.2022

.

ЕП М18 мажи, А дивизија: Јуниорите го започнаа настапот на ЕП со пораз

Машката репрезентација до 18 години запиша пораз на првиот натпреварувачки ден на континенталниот собир во соодветната конкуренција, А дивизија. Јуниорите запишаа пораз во натпреварот против Израел со 79-70 односно 15-18, 27-18, 16-17 и 21-17 по делници.

ФИБА Европско Првенство за мажи до 18 години, дивизија А
Израел - МАКЕДОНИЈА 79-70

Изедначената игра на двете страни, од двете екипи гарантираше интересен дуел до последниот свиреж на судиите. Се играше поен - за - поен игра која на крајот на првата делница заврши во наша полза (15-18). По кусата пауза продолжи играта со исто темпо сè до моментот кога неколку нереализирани шутеви од далечина и испуштени топки резултираа со две минути без реализација (34-33). Во исто време противничкиот табор реализира осум поени со кои успеа да го задржи претходното минимално водство со кое се замина на паузата. Вториот дел од натпреварот беше како пресликан од првиот дел. Овој пат, кошаркарите на Израел поискусно ги казнија нашите грешки. Успеаја да ја задржат реализираната предност од првиот дел и да сават со девет поени разлика на крајот на натпреварот.

Дабл-дабл ефект оствари Теодор Симиќ со 25 поени и 12 скока додека Андреј Шошкиќ со 18 поени и 8 скока како и Петар Бошалески со 10 поени и 9 скока беа двоцифрени во нашиот состав на овој натпревар. Петар Башоски придодаде 7 поени, Тома Стојаноски и Лука Димитриевски по пет поени.

Следен натпревар:
31.07.2022 (недела)
МАКЕДОНИЈА – Франција
Почеток 12:45