03.08.2022 . Нашата машка јуниорска репрезентација со денешниот натпревар против Шпанија ја заврши групната фаза и round-of-16 фазата од натпреварувањето во рамки на Европското Првенство за кошаркари до 18 години, дивизија А, кое од 30. јули се одигрува во Измир, Турција. Јуниорите на Тони Симиќ денеска загубија од Шпанија со 73-45 односно 19-14, 18-7, 21-13 и 15-11 по делници (листа на стрелци). Со овој натпревар официјално заврши првичната групна фаза, а сега следат натпреварите од разигрувањето за конечен пласман на Европското првенство. Нашите кошаркари, ќе разигруваат утре против Грција (19:30) во првиот натпревар во борбата за пласман од 9-16. место на првенството. РЕЗУЛТАТИ: Израел - Македонија 79-70 Македонија - Франција 47-104 Македонија - Велика Британија 69-71 Шпанија - Македонија 73-45