04.08.2022

.

ЕП М18 мажи, А дивизија: Јуниорите загубија и од Грција, продолжува борбата за опстанок во елитата

Македонската јуниорска машка репрезентација продолжи со лошата низа на резултати на континенталниот собир за мажи до 18 години кое се одигрува во Измир, Турција. Избраниците на Тони Симиќ ја започнаа борбата за опстанок во елитното репрезентативно друштво против Грција, за пласман од деветтото до 16. место, но не успеаја да запишат победа. Кошаркарите од таборот на нашиот сосед на југот од Балканот ни нанесоа пораз од 61-77 односно 17-23, 22-15, 11-16 и 11-23 по делници.

Грците беа мотивирани за триумф, а и за реванш од поразот кој им го нанесоа јуниорите пред неколку седмици на меѓународниот турнир „Боби Петковски“ кој се одигра во Гевгелија. Резултатската позитива растеше во нивна полза, но јуниорите не се предаваа така лесно. Нивниот налет за двоцифрена негатива го спречивме и успеавме да го преземеме водството по 20 минути игра на паузата 39-38). Следеше вториот дел од натпреварот, каде неколку лоши одлуки на теренот значеше 'предавање' на водството кое нашиот денешен противник го одржа до крајот на натпреварот.

Дабл-дабл ефект оствари Теодор Симиќ со 15 поени и 11 скока, Петар Бошалески и Андреј Шошкиќ придодадоа уште 12 поени. Пет поени реализира Лука Димитриевски, по четири постигнаа Тома Стојаноски, АЛек Петкоски и Виктор Стојковски, еден помалку запиша Марко Трипуноски, два поени пак постигна Петар Башоски.

Следи ден одмор, па потоа разигрување за последните четири места во елитната конкуренција, почнувајќи од дуел со Црна Гора закажан за 6. август со почеток во 15:00 часот.