01.08.2022

Европско првенство за кошаркари до 18 години, Дивизија А, Измир, Турција

ЕП М18 мажи, А дивизија: Пораз и од Велика Британија

Нашата јуниорска репрезентација загуби и на третиот натпревар на Европското Првенство за кошаркари до 18 години, по поразите од Израел и од Франција. Во резултатски тесен натпревар, избраниците на Тони Симиќ загубија од Велика Британија со 69-71 односно 17-16, 16-20, 16-14 и 20-21 по делници.

Во текот на четирите периоди на теренот двете репрезентации беа изедначени. По неколку нереализирани акции успеавме да ја растресеме мрежичката на противничката страна на теренот и да поведеме со 'скромни' 2-0 за отворање на резултатот. Кошаркарите на Велика Британија знаеја да одговорат на нашите акции со шитеви од далечина, па ја одржуваа негативата на минимални два поени. Во вториот период, кошаркарите на Велика Британија продолжија со неколку шутерски серии со кои успеаја да го преземат водството и да го одржат до паузата 33-36. Во вториот дел од натпреварот повторно ја преземавме иницијативата на теренот, па со серија од 8-0 (37-43, 45-43) го преземавме водството. Исто темпо на игра имаше и во четвртиот последен период за овој натпревар - серии на постигнување на поени за префрлување на водството на двете екипи, се до конечните 69-71.

Во нашиот табор, во листата на стрелци се запишаа:
Теодор Симиќ и Тома Стојаноски остварија дабл-дабл ефект од 19 поени и 12 скока односно 14 поени и 11 скока. Двоцифрен беше уште и Андреј Шошкиќ со 14 поени. Осум запиша Петар Бошалески, по четири придодадоа Лука Димитриевски и Алек Петкоски, три поени постигна Метин Саити, Петар Башоски два поена, Марко Трипуноски еден поен.

Следи ден одмор за сите учесници на Европското Првенство, по кое ќе се одигра -round of 16-.